11:24 - 7 ноември, 2026

Канје Вест: Бог сакаше да учествувам на изборите!

Раперот и музички продуцент Канје Вест ја најави својата кандидатура на претседателските избори во јули оваа година.

По тој повод, раперот гостуваше во емисијата со комичарот Џо Роган, а по тој повод објасни што го навело да се кандидира на претседателските избори во Америка.

„Почувствував повик. Сфатив дека тоа е она што Бог го сака од мене и дека треба да бидам лидер на слободниот свет. Иако веќе бев лидер во светот на хип хоп музиката и имам публика во целиот свет, ова е нешто друго и ново. Јас не сум тука за да го срушам Трамп или Бајден, тука сум за да ги пренесам Божјите пораки“, изјави Вест.

Со оглед на фактот дека подоцна се приклучи во кампањата, водителот го праша раперот зошто се одлучил на овој потег дури во јули?

„Коронавирусот е виновен за сè. Таа болест ми го попрече патот и морав да седам дома во карантин наместо да се борам. Се тресев, јадев супа цело време и морав да оставам сè настрана се додека не бев целосно подготвен за битка. Но, верата отсекогаш постоела и таа ме води. Ние ќе ја направиме оваа земја уште посилна, а нашето семејство, кое е основа општеството, ќе биде во центарот на сè. Баш онака како што Бог сака“, рече Канје во интервјуто.

Слични објави

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо
Се вчитува....