7.8 C
Скопје
22:37 - 31 март, 2026

Камилa Васкез проговори за нејзината врска со Џони Деп: Адвокатката веќе четири и пол години е во контакт со актерот

Адвокатката на Џони Деп, Камилa Васкез конечно проговори за врската со актерот и ги коментираше шпекулациите кои се раширија со милскавична брзина. Имено, Камил стекна голема популарност за време на судењето на Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joseph Adorno (@comicbookrehab)


Таа доби многу деловни понуди по победата на судот, за што пренесоа странските медиуми, а сега во интервју за магазинот „People“ проговори за нејзината врска со Деп, бидејќи многумина во текот на судењето мислеа дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство и деловна соработка.

Васкез рече дека е разочарана што луѓето го гледаат нејзиниот деловен однос со Деп на кој било начин несоодветен и непрофесионален.

„Навистина се грижам за моите клиенти и очигледно сме блиски. Но, кога велам јас, мислам на целиот тим, а тоа секако го вклучува и Џони“, рекла Камил и додала дека Деп е нејзин пријател и дека соработуваат веќе четири и пол години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hollywood Zoom (@hollywood.zoom)

„Тоа е исто така неетичко обвинување. Тоа е сексистичко. Тажно и разочарувачко, но не можам да кажам дека бев изненадена“- истакнака Камила.

На рочиштата се прегрнуваа неколку пати, по што на социјалните мрежи се појавија разни теории.

„Што сакате да кажам? Сакам да ги прегрнувам сите и не се срамам од тоа. Овој човек се бореше за својот живот и срцето ми се скрши што го гледав од ден на ден како седи и ги слуша најстрашните обвинувања“, изјавила Васкез.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....