13.8 C
Скопје
14:23 - 18 декември, 2024

Каква ви е СВЕКРВАТА според хороскопот? Дали сте добиле втора мајка или жена која го турка носот каде што не му е местото

Овен – Своеглава е и сака да приговара

Во нејзиниот карактер нема злоба, знае да биде многу своеглава и сака да приговара, па тешко можете да ја убедите дека не е во право. Вашиот однос со неа ќе биде сè само не мирен. Оваа енергична и борбена жена никогаш нема да дозволи некој да зборува против вас. Но внимавајте, лесно се навредува, па ќе ви бидат потребни силни нерви.

Бик – Ќе ви оди на нерви со старомодните совети

Не постои потврдоглава и поупорна личност од неа. Си стои на зборот, не ги менува навиките и го чува тоа што го поседува. Често на нерви ќе ви оди нејзината претерана тврдоглавост и старомодните совети. Но кога ќе го освоите нејзиното срце, во неа ќе најдете голема помош и потпора. Ќе знае добро да ве утеши и да ви даде мудар совет кога ќе ви затреба. Ако сте болни, ќе ве негува и ќе се грижи за вас како да сте нејзино дете.

Близнаци – Знае да биде многу напорна во озборување на сите што ги знае

Свекрвата во овој знак знае да ве забавува и да ве насмее. Со неа никогаш нема да ви биде здодевно, но мора да сметате на нејзината површност и недоследност. Често е расеана, па лесно заборава што ветила да направи. Знае да биде многу напорна во озборување на соседите, роднините и пријателите. Сака секаде да го турка носот и постојано ќе ве распрашува и ќе ви дава совети што не сте ги барале. Упатена е во вашиот живот до најситни детали, но ќе биде незаменлива во чување на вашите деца.

charityandlife.com

Рак – Не зборувајте ништо лошо за нејзиниот син!

Срдечна е и љубезна, па многу снаи ќе ја гледаат како втора мајка. Бидете сигурни дека секогаш ќе ве дочека топол ручек кога уморни ќе се вратите од работа, децата ќе бидат згрижени, а куќата чиста. Заштитнички е настроена кон вас, но сака сè да знае и постојано ќе ви се плетка во животот.
Пазете се од нејзината одмаздољубивост. Знае со денови да молчи ако се налути. И никогаш не зборувајте ништо против нејзиниот син – тој за нејзе е нешто свето!

Лав – Сака во сè да биде во право, дури и кога не е

Нејзиниот оптимизам и срдечноста се заразни. Целата куќа ќе биде исполнета со нејзината позитивна енергија. Ќе ви даде сè што има, но не си играјте со нејзината гордост. Таа сака во сè да биде во право, дури и кога не е. Кога еднаш ќе ја изгубите нејзината доверба, ќе ѝ биде потребно долго за да ви прости. Сака да прима комплименти, но сепак не претерувајте зашто ќе сфати дека не сте искрени. Ако дознае дека ја озборувате зад грб, нема да биде блага кон вас.

Девица – Тешко е да ѝ се удоволи

Од вас ќе очекува уредност и педантност. Ќе оди по вас и ќе ви ги покажува валканите делови од станот, а ќе ви наоѓа замерки на готвењето и облекувањето. Бидете подготвени на нејзиниот тежок и често депресивен карактер. Тешко е да ѝ се удоволи, но ако ѝ пружите љубов и охрабрување, двојно ќе ви врати.

abiem.lv

Вага – Ви ги знае сите слабости

Свекрвата Вага сигурно ќе ве разгали. Ќе знае да ви угоди на сите начини, но и ќе си даде доволно време за што подобро да ве запознае. Знае кај сте најслаби и во моментите на несогласица тоа ќе го користи како свое најсилно оружје против вас. Таа не сака кавги и груби зборови, затоа секогаш со неа убаво разговарајте и не го подигнувајте гласот. Обожава комплименти и подароци, убаво цвеќе и козметика, па не штедете на тоа кога ќе сакате да ја одоброволите.

Скорпија – Вашиот однос може да се претвори во бојно поле

Остра е на јазик и директна, ама не е пакосна, што не значи дека не може да стане. Ако за нешто ви замерува, тоа и ќе ви го каже, без оглед колку ќе ве здоболи. Веднаш ќе ви стави до знаење дека со вас сака да има искрен и отворен однос. Не кријте ништо од неа бидејќи совршено ќе ја прочита секоја ваша скриена мисла или намера. Затворена е и не ги покажува слабите точки, но бидете сигурни дека ги знае сите ваши. Знае да биде и непријатна особено кога нешто не ѝ е по волја. Ако ве засака во неа ќе најдете голем пријател, но ако не ѝ се допаѓате вашиот однос може да се претвори во бојно поле.

Стрелец – Ќе ги знаете сите трачеви од соседството

Свекрвата Стрелец е роден оптимист. Понекогаш ќе ве нервира нејзиното разиграно темпо и неуморноста, но ќе ве разоружи со снаодливоста и интелигенцијата. Скоро да не постои ситуација која не може да ја реши. Ќе ви биде десна рака во многу работи, но ќе бара многу за возврат. Знае да биде брзоплета и ги пренесува сите трачеви од соседството, но со неа никогаш не е здодевно. Има многу убави планови за вас и нејзиниот син, но под услов да ја слушате. Ако не ви се допаѓаат нејзините совети и плеткањето во вашиот живот, кажете ѝ го тоа, но внимателно.

Јарец – Ќе очекува да штедите

Можеби не е супермодерна свекрва, но важни ѝ се традиционалните и моралните вредности. Не се обидувајте да влијаете на неа и да ја менувате, тоа нема да ви упее. Дозволете ѝ да живее како што навикнала. Директно ќе ви каже што не ѝ се допаѓа кај вас. Нема да ве изневери или да ви сврти грб, а знае да ви даде и мудар совет. Има неверојатна смисла за организација. Но сака да има увид во вашите финансии и трошоци, па бидејќи е штедлива по природа, истото тоа ќе го очекува и од вас.

Водолија – Нема да ви приговара ако го „утнете“ ручекот

Свекрвата во овој знак ќе ве фасцинира со оригиналноста и остроумноста. Отворено ќе зборува и ќе расправа за сите животни теми и проблеми со таква проникливост што ќе останете затечени. Нема да ви приговара ако го „утнете“ ручекот или ако куќата ви е во неред и нема да има ништо против вашите пријатели. Ја сака својата слобода и моментите на осаменост, па ако ненадејно се повлече во својата соба, не ѝ пречете. Не се обидувајте да ја менувате и ќе станете одлични пријатели.

Related image

Риби – Ќе сака да управува со животот на син ѝ

Ќе ве чува како капка вода на дланката, ќе се грижи за вас и ќе ви угодува. Понекогаш ќе биде тажна и нерасположена и ќе ви биде благодарна ако покажете разбирање за нејзините чести промени на расположението. Она што можеби ќе ви пречи е нејзината цврста врзаност за синот, па несвесно може да сака да управува со неговиот живот. На тоа ќе мора да му ставите крај, па дури да бидете и малку груби.

Слични објави

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо

Хороскоп за 18 декември: Раковите ќе уживаат со семејството, Водолиите ги очекува успех

apostolova
Се вчитува....