08:43 - 27 ноември, 2026

(Видео) Елена Велевска проговори за децата: Секогаш навивам за син ми

Фолк-пејачка Елена Велевска прогорови за нејзиниот однос за децарта кои живеат во Охрид, и раскажа искрена приказна за синот Марко. Таа е мајка на три деца: Софија, Марко и Калија.

Посебно емотивен беше моментот кога ја опиша гордоста на нејзината ќерка по неодамнешниот настап во Струга, во емисијата „Магазин“ на ТВ „Сител“

​„Леле мамо, колку убава забава направи“, биле зборовите со кои ќерката ја пречекала по концертот, каде за првпат била присутна заедно со своите другарки. Според зборовите на Велевска, сите девојчиња биле воодушевени од изборот на песни и репертоарот, па веднаш побарале информација кога е следниот настап во околината за повторно да дојдат.

Потоа и синот Марко посакл да дојде на нејзин настап во Охрид, на 28 март. ​

„Син ми е многу зафатен со фудбалот и ретко има слободно време, но вети дека ќе се соберат со друштвото и ќе дојде на мојот следен настап во Охрид, на 28 овој месец“, открива Велевска. ​Иако Марко е професионално посветен на спортот, тој не ги занемарува советите на својата мајка, без оглед на тоа што како што вели Елена, таа не  се разбира премногу во фудбал, но секогаш го гледа од страна.

​„Марко ми вели дека моите совети му се најдобредојдени. Еднаш во Прилеп, кога играше за Охрид против Прилеп, му реков дека мора да даде гол во последната минута бидејќи е најдобар. Токму тоа се случи — даде гол за победа од 3:2“, се присетува пејачката со насмевка. ​На прашањето за кого навива кога игра неговиот тим против нејзиниот роден град, Елена вели: „Секогаш навивам за синот!“

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо
Се вчитува....