11:09 - 2 август, 2026

Каква тајна Кејт Мидлтон и принцот Вилијам со години кријат од својот првороден син – принцот Џорџ?

Познатите родители едвај го очекуваат вистинскиот момент кога ќе можат да му ги соопштат овие важни вести…

Принцот Вилијам (38) и Кејт Мидлтон (38) на 22 јули 2013 година го добија првото дете – принцот Џорџ, кој е новиот престолонаследник, но се уште не е запознаен со должностите кои го очекуваат во текот на животот.

Имено, денес седумгодишното момче е родено во болницата „St. Mary“ во Лондон, а британската јавност не го криеше воодушевувањето поради доаѓањето на новиот член на кралското семејство.

Фото: Инстаграм

Принцот Џорџ е трет по ред за круната, по 71-годишниот син на кралицата – принцот Чарлс и 38-годишниот внук, а негов татко – принцот Вилијам.

Тој со самото тоа што е првороден доби поголема важност од сестрата Шарлот и братот Луис, кои се родени подоцна.

Токму поради тоа значење, но и одговорноста која титулата ја носи, од Џорџ веќе со години се крие оваа голема тајна.

Кралската авторка Кетрин Мајер вели дека Кејт и Вилијам сакале да го заштитат своето дете од притисокот и сознанието дека тој еден ден ќе биде британски крал.

Фото: Инстаграм

„Одлучија да го одложат тој момент во кој ќе му кажат каква иднина го очекува бидејќи во моментов сакаат да му подарат што е можно понормално растење и неоптеретено детство“, изјави таа.

„Тој веќе сфати дека не е „обично“ момче, но Кејт инсистира да расте во што „понормално“ опкружување со цел да му овозможи детство какво што имала и таа“, заклучи Мајер.

Слични објави

Јелена Карлеуша се смири со Душко, па шокираше: Имам чувство дека сонувам, ќе биде како бајка

apostolova

На секој час станете и прошетајте: Оваа мала навика може да го намали ризикот од рак, покажува истражување

Т.Ц.

(Фото) Проѕирен комбинезон и долна облека во боја на кожа: Провокативното издание на Николина Пишек, реагираше и нејзината колешка

Еспресо

Хороскоп за 2 август: Стрелците ќе добијат на игри на среќа, Раковите ќе запознаат интересна личност

Еспресо

„Маки беа тоа…“: Соседите открија со кого живее Гаги Ѓогани и како му минуваат деновите

Еспресо

Реља Поповиќ првпат отворено за татковството: „Со Николија потекнуваме од дисфункционални семејства, не смеам да потфрлам како татко“

Еспресо
Се вчитува....