21:26 - 9 ноември, 2026

Каков е овој натрапник – влегол во луксузниот имот на познат актер за да се избања

Полицијата приведе маж откако бил виден како врши нужда во градината на соседот на Пирс Броснан, пред да упадне во домот на познатиот актер.

Тој наводно прошетал во неговата градина, по што провалил во куќата каде што ја користел водата за да се исчисти, пренесува Sky News.

Осомничениот потоа побегнал од местото на настанот, но полицијата со помош на хеликоптер успеала да го пронајде на брегот. Не е познато дали Броснан бил во куќата за време на инцидентот.

Ова не е прв пат некој да упадне во имотот на актерот во Малибу, бидејќи минатата година тој поднел барање за забрана за приближување на жена за која рече дека го вознемирувала него и неговото семејство.

70-годишниот актер и неговата сопруга живеат во Лос Анџелес во куќа од 100 милиони долари, а полицијата извести дека во понеделникот еден натрапник решил да го користи дворот на својот сосед како бања пред да упадне во домот на ѕвездата од серијалот 007.

Пирс првично беше во брак со покојната Касандра Харис од 1980 до 1991 година и ги има Кристофер и Шон со неа, а со сегашната сопруга Кили Шеј Смит (59) ги има Дилан и Парис.

Од полицијата изјавија за „ТМЗ“: „Наши вработени веднаш се упатија во куќата на Пирс во Малибу во понеделникот попладне, откако добија известување дека има човек на неговиот имот и на имотот на неговиот сосед.

„Младиот човек беше виден како го користи дворот на соседот како своја лична бања“.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....