5.8 C
Скопје
03:12 - 31 март, 2026

Кајли Џенер ја продаде својата мегауспешна компанија – Од цифрата боли глава (ФОТО)

Кајли Џенер го продаде мнозинскиот дел во својата компанија „Kylie Cosmetics“ за 600 милиони долари на бјути конгломератот „Coty Inc“, јавува Business Insider

Така „Coty“ стекна 51% од контролниот удел во компанијата која Кајли ја основа на само 18 години. Како што пишуваат медиумите, Кајли и понатаму ќе остане заштитно лице на брендот кој ќе биде преименуван во „Kylie Beauty“.

Вредноста на брендот е проценува на околу 1,2 милијарди долари. Во изјавата на „Coty“ се вели дека се очекува брендот, оваа година, да генерира продажба од околу 200 милиони долари. „Coty“ ги опфаќа брендовите како „OPI“, „Cover Girl“, „Clairol“.

Оваа година Кајли ја стекна титулата најмлада самонаправена милијардерка.

Првата милијарда ја заработи со само 21 година, па така го претрка и Марк Зукенберг, кој својата прва милијарда ја заработи на 23 години.

Кајли ја имаше својата прва работа во семејното реално шоу „Keeping Up With the Kardashians“. Таа имала само девет години кога шоуто започна да се емитува. Оваа година се прикажува 16. сезона, а Кајли покрај тоа поткренала свое релално шоу „Life of Kylie“ кое кратко се прикажуваше во 2017 година.

Во 2013 година Кајли на само 15 години, со сестра си Кендал започнале со своја линија на облека. Брендот за кратко се раширил во САД, но и во светот. После тоа, Кајли ја основа компанијата „Kylie osmetics“, својот најуспешен проект.

Само од објавата за купувањето „Kylie Cosmeticsa“, акциите на „Coty“ пораснале за дури 6%.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....