24.8 C
Скопје
10:45 - 20 септември, 2026

„Јас сум добро гаражиран олдтајмер“: Цеца Ражнатовиќ откри дали има дечко – „затоа изгледам толку добро“

Приватниот живот на српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ долго време го привлекува вниманието на јавноста, а таа сега откри дали има емотивен партнер.

Пејачката се осврнала на својот љубовен живот и открила дека за нејзиниот добар изглед не е заслужен емотивен партнер.

Цеца Ражнатовиќ открила дека сè уште е сингл и дека поради тоа може да си се посвети на себе, а резултатите се јасни.

– Затоа што сум самa, затоа изгледам добро… Добро одржуван олдтајмер! – рекла Цеца прво во свој стил.

– Се чувствувам одлично, добро сум, мојата среќа не зависи од мојот партнер! Имам многу причини да блескам, се сметам за остварена и задоволна жена… Имам пријатели, публика која ме следи низ целиот свет, па каде понатаму? – додала таа за „Премиера, специјален викенд“.

Пејачката ја споменалаи својата ќерка Анастасија која веќе подолго време живее со сопругот Немања Гудељ во Шпанија.

– Минатата година бев последен пат во Шпанија кај Анастасија, навистина немав време поради сите мои обврски. Ѝ ветив дека ќе завршам со обврските во март, па во април ќе одам кај неа – рекла Цеца.

Голема прашина се крена околу нејзиниот концерт во Белград, кој ненадејно беше откажан, а сега се осврнала и на својата турнеја.

– Мојата турнеја трае во последните 20 години и не запира. Луѓето масовно доаѓаат на моите концерти и уживаат. Тоа за мене значи дека ја акумулирам таа позитивна енергија од нив – рекла таа.

 

 

Слични објави

(Фото) Анѓелка Прпиќ се стегна во хеланки – актерката го покажа своето фит тело

Еспресо

Ела Дворник ја доби судската битка — ќерките ќе живеат со неа во Загреб, се огласи и нејзината мајка Данијела

Е.А.

Хороскоп за 20 септември: Раковите ќе бидат подготвени за нови предизвици

Еспресо

Александра Пријовиќ вели дека го откажала концертот поради болест, а на социјалните мрежи веднаш се појавија разни теории

Ц.Т.

Тажниот крај на Маргита Стефановиќ Маги, „црната принцеза“ на ЕКВ

Т.Ц.

(Фото) Вистинска оаза и луксуз – вака изгледа вилата на Едита Арадиновиќ каде што ќе живее со својата ќерка

Еспресо
Се вчитува....