13:22 - 26 ноември, 2026

Славење кај Драгана Мирковиќ: Пејачката не ја крие среќата и се огласи со најубавите вести!

Пејачката Драгана Мирковиќ денеска има голема причина за славење, а најубавата вест ја објави на социјалните мрежи.

Нејзиниот син Марко Бијелиќ денеска слави роденден, а гордата мајка му испрати честитка на наследникот.

„Животе мој, среќен роденден“, напиша Драгана Мирковиќ покрај фотографија од синот Марко.

Драгана Мирковиќ по разводот откри дека нејзиниот син Марко и ќерката Мануела се нејзината најголема поддршка и столб на силата.

„Децата се прекрасни, иако веќе не се деца, но јас секогаш го велам тоа (се смее). Тие се возрасни, многу љубезни и приврзани, паметни и нормални, благодарна сум им што секогаш беа тука за мене и што ме сакаат толку многу. Морам да кажам дека и двајцата се многу горди на својата мајка, а тоа е моето најголемо достигнување“, изјави Мирковиќ за Гранд.

Инаку, синот на пејачката, Марко Бијелиќ и неговата девојка Мелани Димитријевиќ неодамна уживаа во Дубаи, од каде со денови објавуваат фотографии.

Слични објави

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо

Едита Арадиновиќ за мајчинството, кредитот за куќата и односот со поранешниот партнер: „Зоја има прекрасен татко, а мене во моментов ми е важен мирот“

Е.А.

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.

Дневен хороскоп за 26 ноември: Не преземајте туѓи задачи ако веќе имате свои одговорности

apostolova
Се вчитува....