21.8 C
Скопје
12:36 - 29 март, 2024

(ФОТО) КАФЕТО ИСТУРЕНО, БЕБЕТО ПЛАЧЕ, А ВО ЧАНТАТА И НА ПОПОТ ШАПКАТА: Една обична прошетка на нашата дизајнерка и шминкерка Фросина Ангеловска –  Фран

фросина

Нашата позната дизајнерка и шминкерка Фросина Ангеловска –  Фран, покрај тоа што е успешна во својот приватен бизнис, таа е горда мајка на синовите Горазд кој за еден месец ќе полни три години и помалиот син Дарин кој има два месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelovska Frosina (@frozi_fran)

Водењето на приватен бизнис е предизвик само по себе, а како тоа изгледа во комбинација со улогата на мајка на две малолетни деца Фросина ќе ви раскаже преку една навидум обична дневна прошетка:

Косата ти е стално во недефинирана пунџа (must be out of the way) ,а и кој има време за нешто повеќе од чешал? Уште помалку кој има време да ја отклештува од стисокот на бебешкото раче? (if you know you know). Outfitot ти е стално памучен ,широк и развлечен….ако знаеш дека треба да извадиш цице за 5 секунди дур бебе вришти,па и немаш многу избор околу стајлингот. Во торбицата носиш 10 боди,по 3 комплетчиња за секоја сезона, пакет пелени, 4 кесичкии марамици (сите отворени), неколку капчиња ,лигавчиња, цуциња, тропалчиња, чорапчиња, тетра пелени, кебенца, на попот шапката… а стално нешто ти фали,и тоа е обично тоа што најмногу ти треба…
Излеговте во количка, таман си зема кафе,како на сензор почна да вришти,па дур се замоташ во „baby sling“, пола кафе го истури, пола го испи на врат на нос и тогаш он заспа… спиеше до дома и само што влеговте пак се запали сирената, а ти не си ни соблечена, вода ти се пие, во вц ти се оди …миеш само раце и го зимаш, за другото ќе си потрпиш …. Ама утре пак…. Пак ќе ја спремиш торбицата и ќе излезеш бидејќи знаеш дека овие прошетки се бесценети, ги впивате последните сончеви денови оваа година и се гушкате… најмногу на свет се гушкате, „cuz before you know it“ , ќе дојде да ти побара 500че за искачање и ќе ти рече да не го гњавиш многу оти ќе бил со другарите …, стои во прекрасната објава на Фросина која ја сподели на својот инстаграм профил со фотографија од прошетката со својот помал син.

Иако мајчинството е најтешката работа која нема работни часови, ниту пауза за кафе или оброк, како што вели Фросина на самиот крај моментите поминати со вашето малечко се бесценети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelovska Frosina (@frozi_fran)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelovska Frosina (@frozi_fran)

Слични објави

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо
Се вчитува....