21.8 C
Скопје
13:44 - 28 март, 2024

Интервју со жртвата на актерот Горан Јевтиќ, Лука: Не сум единствен, тој сексуално вознемируваше уште две момчиња

Лука Крчевинац, жртвата на актерот Горан Јевтиќ по вчерашното јавно обраќање, вели дека актерот не сака да го погледне во очи, а дека пресудата е срамна и ги навредува сите сексуални предатори.

Тој во интервју за српски Информер апелираше на сите жртви да ги пријават педофилите.

По твојата исповед евидентно е дека дошло до обљуба. Зошто Јевтиќ се терети само за незаконски сексуални акти?

– Не сакам да навлегувам во одлуката на судот. Судот ја донесе својата одлука. Можам само да бидам задоволен или незадоволен. Не можам да влегувам во тие правни делови, ниту ме интересира.

Дали сега би изреагирал поинаку?

– Со овие години би изреагирал поинаку, но во тој момент, со 15 години не знаев како поинаку да реагирам. Криво ми е поради тоа, но просто се случи.

По преживеаниот ужас, дали имаш намера да се бориш против борбата со педофилија и да помогнеш на останатите во слична ситуација.

– Имам намера да се борам против педофилија и педофилите на сите полиња. Тоа го кажав и на момците од здружението Левијатан, дека во секоја акција, во секоја едукација, безразлика каде и да бидам можам да зборам за овој проблем. Јас тоа ќе го правам, бидејќи сметам дека е еден вид превенција.

Кажа дека знаеш двајца познаници кои Јевтиќ ги „допирал“. Дали разговараше со нив и дали им даде совет?

– Ги познавам тие момчиња, но мислам дека немаат храброст и дека нема да настапат на овој начин. Се разбира, ќе се обидеме да допреме до нив, но тоа е веќе надвор од моите можности за да кажам што ќе се случи.

Дали си слушнал за останати личности кои Јевтиќ ги вознемирувал?

– Да, да, знам уште две момчиња кои Јевтиќ сексуално ги вознемируваше.

Како ја коментираш пресудата?

– За мене тоа е срамна пресуда, која всушност го деградира она што мене ми се случи. Ме навредува мене, моето семејство и сите деца на светот.

Дали имаше контакт со него по судењето?

– Не, исклучиво на суд.

Како би изреагирал ако дојде до средба помеѓу вас двајца?

– Не би реагирал никако. Не ме интересира тој. Би ја завртел главата. Не сум тип кој физички би се пресметал, ниту ме интересира да повторам. Тој физички е многу послаб од мене, а јас сум научен послабите да не ги „закачам“. Така да, до физичка пресметка сигурно не би дошло. Би ја завртел само главата да не го гледам.

Дали ти е сега полесно откако во јавноста ја раскажа својата приказна? Дали можеп да се вратиш на својот живот?

– Многу ми е полесно сега и сакам да се заблагодарам на момците од здружението Левијатан што застанаа позади мене и беа со мене во најтешките моменти во мојот живот.

Како гледаш на тоа што Јевтиќ ги менува исказите?

– Па, тоа највеќе говори за него и оди во прилог на мојата изјава.

Како го коментираш тоа што многу јавни личности застанаа во негова одбрана?

– Искрено, тоа највеќе ми пречеше што јавните личности пред да ги слушнат доказите и пред пресудата го прогласија за невин. Еве, гледате дека погрешија и никој од нив повеќе не се огласи. За мене тоа е една голема срамота.

Што би им препорачал на жртвите од педофилија?

– Секоја жртва треба случајот да го пријави кај надлежните. Не смеат да молчат и не треба да се срамат. Зборувањето јавно за ваквите случаеви може да спречи други случаеви на сексуално вознемирување.

Слични објави

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо

Еден од најпознатите јутјубери во светот призна дека има рак: „Сакаа да отстранат бенка“, а дијагностицирале меланом

еспресо

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

еспресо

Ана Бекута се врати во „Ѕвездите на Гранд“: „Мислам дека некому пречам“

еспресо
Се вчитува....