9.8 C
Скопје
12:44 - 31 март, 2026

Има Оскар, но не и мобилен телефон – Холивудскиот актер откри дека никогаш немал ниту мобилен, ниту компјутер

Доколку мислите дека е невозможно да живеете без компјутер и мобилен, оваа холиувудска легенда ќе ве демантира…

Холивудскиот актер Кристофер Вокен го воодушеви светот кога во интервјуто за американскиот водител Стивен Колбер изјави дека „никогаш немал мобилен телефон“.

„И овој компјутер преку кој се јавувам ми го донесоа за да се вклучам, немам ниту мобилен, ниту компјутер“, изјави Кристофер на почетокот на интервјуто.

Оскаровецот изјави дека „нема ништо против технологијата, туку дека некако таа го заобиколила“.

„Никогаш не се заинтересирав бидејќи би било чудно да гледам како еден десетгодишник знае повеќе од мене“.

Вокен откри дека за време на снимањето на некој филм има телефон – кој му го дава некој од продукцијата „со цел да можат да го најдат“.

„И во тој случај некој наместо мене мора да го заврти бројот, бидејќи јас не знам“, изјави искрено актерот и додаде:

„За мене мобилниот телефон е како часовник – доколку ти затреба секогаш некој покрај тебе го има“.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....