6.8 C
Скопје
05:17 - 19 октомври, 2026

Има 650 вработени и милиони евра на сметка: Испливаа податоци за заработката, еве колку е „тежок“ дечкото на Јована Јеремиќ!

Српската водителка Јована Јеремиќ веќе извесно време ужива во романса со претприемачот Драган Станковиќ, кој е 15 години постар од неа, а кој  јавноста првпат го виде во нејзината Утринска програма, кога беше направен прилог за погачата која традиционално се крши пред храмот Свети Сава.

Драган тогаш пред своето друштво раскажал дека во погачата биле ставени 33 дукати, а еден дукат ѝ испратил на водителката Јована Јеремиќ. Двојката во моментот престојува во Америка, каде Јована ги следеше американските избори, а српската јавност веќе знае сè за нејзиниот партнер, освен „колку финансиски тежи“.

Сега српските медиуми открија податоци од веб-страницата на компанијата „Company Wall“ на кои се прикажани приходите, расходите и нето добивката на Драган Станковиќ.

Драган во 2022 година имал точен приход од 6.248.996.000,00 динари, додека расходот бил 5.893.175.000,00 динари, што значи дека неговата чиста заработка била 300.831.000,000 динари, што е повеќе од  2.500.000 евра, и тоа само во 2022 година.

Како што понатаму се наведува во списокот, Драган има повеќе од 650 вработени во компанијата за производство на леб, свежо печиво и колачи.

Да потсетиме, Јована Јеремиќ во неколку наврати јавно зборувала за тоа колку ѝ е важна финансиската состојба на нејзиниот партнер. Неодамна изјавила и дека од Драган сака вила во Белград.

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....