01:23 - 11 април, 2026

Илон Маск ќе го врати Доналд Трамп на „Твитер“: Што велат луѓето кои му го забранија пристапот на поранешниот американски претседател на оваа социјална мрежа?

Илон Маск изјави дека на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе му го врати профилот на социјалната мрежа Твитер. Нормално, ако успешно се спроведе до крај процесот на купување на компанијата, пренесува Си-ен-ен.

Ова е првото изјаснување на Маск во врска со ситуацијата откако го најави планот за купување на Твитер. Тој ја нарече одлуката на Твитер во јануари 2021 година да го блокира профилот на Трамп „грешка“.

„Мислам дека не би било правилно да му се забрани пристапот на Доналд Трамп, мислам дека тоа беше грешка. Јас би ја поништил трајната забрана. Основачот на Твитер Џек Дорси го дели моето мислење, не би требало да постојат трајни забрани“, ИСТАКНА Маск.

Твитер во јануари 2021 на Трамп му го забрани користењето на мрежата поради немирите во Капитол. Самиот Трамп неодамна изјави дека никогаш повеќе нема да се врати на Твитер. Социјалната мрежа одби да ја коментира изјавата на Маск.

 

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....