Хороскоп за 14 ноември: Лавови, не донесувајте избрзани одлуки, Овни, внимавајте со парите

ОВЕН

Сензуалност ќе биде она што ќе ви го одбележи денов. Треба да бидете внимателни со парите и да избегнувате какви било трансакции. Ќе се чувствувате многу енергично и позитивно. Можни се и чувства на истоштеност поради прекумерно работење.

БИК

Желбата за секс за една вечер, или за авантура, ќе имате можност да си ја остварите токму денеска. Но, внимавајте, пазете со кого ќе бидете, бидејќи може да ви се случат несакани последици. Учествувајте во што повеќе собири со пријателите.

БЛИЗНАЦИ

Ова нема да биде многу пријатен ден за вас, кога се работи за здравјето. Ќе се чувствувате постојано како да сте отсутни, а вашата концентрација нема да биде на ниво. На крајот од денот можно е некој ваш пријател да ви изјави љубов.

РАК

Денеска ве очекуваат бројни бенефиции во вашиот љубовен живот. Ќе изгледате попривлечно и ќе добивате многу покани за состаноци. Забавувајте се што е можно повеќе. Вашиот авторитет ќе се зацврсти, а вашата самодоверба ќе се зголеми и ќе имате сѐ што ви е потреебно за да започнете нови проекти.

ЛАВ

Ќе вложувате многу енергија да ги контролирате вашите емоции. Комуникација може да биде комплицирана и тешка. Не донесувајте избрзани одлуки. Доколку сте во врска можни се проблеми со партнерот кои ќе се решат само со отворен разговор.

ДЕВИЦА

Ве очекуваат добри работни односи со колегите. Иако ќе бидете материјално наградени за вашиот труд, сепак добро би ви било парите да ги заштедите за летниот одмор. Препорачливо ви е да бидете внимателни, бидејќи постои можност за мала настинка.

ВАГА

Бидете внимателни. Може да направите кардинални грешки во односот со партнерот. на работното место ве очекува напорен период полн со ситуации кои од вас ќе бараат брзи реакции и одлуки. Можни се проблеми со забите.

СКОРПИЈА

Работите ќе се одвиваат онака како што вие сакате. Избегнувајте конфликти. Вашиот професионален живот ќе биде динамичен, а соработката со колегите ќе ви оди одлично. Релаксирајте се со читање на книга, прошетка и пријатни разговори со најблиските.

СТРЕЛЕЦ

Овој ден е создаден за љубов, страст, сензибилност, магнетизам и шарм. Доколку сте слободни ве очекува нова врска, а доколку сте во врска, зајакнување на истата. Ќе бидете повеќе опуштени и нема да се плашите од ништо. На професионален план ќе настапат значајни промени.

ЈАРЕЦ

Денеска ќе имате потреба за поголема приватност и за поблизок контакт со природата. Ќе бидете весели и оптимистични, но ќе чувствувате и потреба за мир и хармонија. Многу е веројатно дека ќе почнете да работите од дома. Финансиската состојба ви е добра и стабилна.

ВОДОЛИЈА

Моменталната ситуација на работното место не е многу добра. Но, комуникација со луѓе и соработка може да донесе нови решенија кон крајот на месецот. Имајте трпение. Ќе дознаете нови работи поврзани со вашиот партнер.

РИБИ

Ако сте во врска ве очекува добар и стабилен период. Ќе се разбирате со партнерот и ќе ја зајакнете врската. Доколку не сте во врска ќе запознаете личност која ќе ве разбира на сите нивоа. Сепак, можни се и компликации. Пазете се од погрешни одлуки. Ќе ве мачи несоница.

 

 

 

Слични објави

КИСЕЛИ ТИКВИЧКИ: Одличен рецепт за здрава зимница (РЕЦЕПТ)

Igor

Никогаш не се предава, а колку е постар, толку е подобар: Психолошки профил на хороскопскиот знак Јарец

Еспресо

Најдобрата поранешна сопруга: Џенифер Гарнер му ја спасува кариерата на Бен Афлек!

Еспресо

Впечатливо жолта боја и златни обетки: Кејт го повтори изгледот од Вимблдон и повторно блескаше! (ФОТО)

Еспресо

Илка е како од модно списание: Министерот за економија, Крешник Бектеши има најубава сопруга од сите негови колеги (ФОТО)

Igor

Четири години без Маџгаљ: Пријателите направија песна во негова чест која ќе ве расплаче! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

20 − два =

Слични објави

Принцот Чарлс се опорави од коронавирусот, веќе не е во изолација

Еспресо

НЕМА ДЕЛ ОД ТРИЦЕПСОТ, МЕТАЛНИ ПЛОЧКИ НАМЕСТО КОСКИ: Деа откри детали од закрепнувањето

Igor

Една од најзгодните жени во светот сподели фотки од трудничкото стомаче (ФОТО)

Еспресо

Хороскоп за 10 септември 2019, вторник

Igor

УТКА НА ГОДИНАТА: Ријана во кич издание предизвика лавина негативни коментари (ФОТО)

Igor

Наталија заработува 300 илјади евра со својот задник – „Јас ги инспирирам луѓето“ (ФОТО+ВИДЕО)

Igor