21:50 - 6 ноември, 2026

Хју Грант за борбата со коронавирусот: Ја пикнав главата во корпата за отпадоци за да почувствувам нешто!

Англискиот актер Хју Грант (60) беше заразен со коронавирусот во првиот квартал од оваа година, а сега реши да раскаже како се чувствувал во тој момент.

Имено, актерот беше позитивен на почетокот на пандемијата, а сподели со јавноста кои симптоми ги имал.

Некои од симптомите кои ги чувствувал биле невообичаени, додека другите беа наведувани од лекарите.

Instagram
Instagram

Првиот симптом што го забележал, било прекумерно потење, па додаде:

– Наскоро после тоа, се чувствував како очите да ми се три броја поголеми. Подоцна, почнав да дишам тешко, како да седи голем човек на моите гради, рече актерот.

Потоа го изгубил сетилото за мирис, што било многу чудно искуство за него:

– Го помирисував секој цвет, ја пикнав главата во корпа за отпадоци … Сакав да го помирисам секој странец што ќе помине покрај мене. Кога се вратив дома тој ден, го испрскав парфемот на сопругата по лицето и не почувствував ништо, додаде тој.

Фото: Инстаграм

Неговата сопруга, Ана Еберстејн исто така се разболе од коронавирусот и таа ги имаше скоро истите симптоми како и нејзиниот сопруг. За среќа, двојката успешно се опорави, а минатиот месец беа на одмор во Венеција.

Да потсетиме, славната двојка се венча во 2018 година, а тие се заедно веќе неколку години. Хју и Ана имаат три деца заедно и тие се многу среќно семејство.

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....