12.8 C
Скопје
08:46 - 29 март, 2024

Која е девојката од хит-серијата „Кралски гамбит“ по која светот полуде?

Животните приказни на професионалните шахисти можеби не звучат како привлечна тема на серија, но кога на главниот лик освен со желбата да биде најдобар, се соочува со проблеми со менталното здравје и зависност, нештата стануваат поинтересни.

А ако на тоа се додаде дека главниот лик е жена, тогаш добивате серија што мора да ја погледнете.

Profimedia

Во новата серија на Нетфликс „Кралски гамбит“ (тоа е шаховски потег) приказната се врти околу Бет Хармон, девојче што по смртта на мајка си (таткото не го признава бидејќи е од вонбрачна врска), заминува да живее во сиропиталиште. Во периодот на Студената војна, тоа се места каде што нема можност за голема перспектива, но Бет успева да се издигне и да стане најславна шахистка. Освен со шахистите, Бет се бори со лични проблеми поврзани со менталното здравје и со зависностите, а оваа повеќеслојна улога ѝ е доделена на Ања Тејлор-Џој, која одлично се снајде во зададената задача.

EPA-EFE/WILL OLIVER

Иако многумина тврдеа дека улогата е голем залак за 24-годишната актерка, Ања веќе се имаше докажано во некои многу мрачни филмови и комплицирани улоги. Таа се прослави со улогата на опседната девојка во хоророт „Вештерка“, а во филмот „Поделен“ и неговото продолжение „Стакло“ играше покрај Џејмс Мекавој. На почетокот од годинава таа ѝ вдахна нов, современ живот на Ема Вудхаус, антихероината од романот на Џејн Остин од 1815 година. Оваа година Ања ќе се појави во уште два филма „Нови мутанти“ и „Еве ги младите момци“.

EPA-EFE/JUSTIN LANE

За улогата на Ема, млада жена што се меша во љубовниот живот на пријателите, Ања вели дека ѝ помогнала да си ја зголеми самодовербата.

Многу се форсирав во текот на снимањето на „Ема“, па еден ден ме фати напад на паника. Интензивно снимавме, бев во сите можни сцени и се обидував напоредно да научам нови вештини. Во еден момент ме фати напад на паника дека нешто сум погрешила. Благодарение на сите луѓе што работеа на сетот и ми пристапија со љубов и поддршка, ми помина за половина час, иако подоцна се обвинував себеси што го одложив снимањето 30 минути. „Супер ти оди, но напорна е работата и нормално е ако се почувствуваш исплашено.“ Ме тешеа колегите, што ми помогна да сфатам дека сепак сум само човек – вели актерката.

Profimedia

Филмот се снимал шест дена неделно, а седмиот ден Ања се подготвувала за следниот филм кој почнала да го снима по завршувањето на „Ема“.

Се научив работата да не ја носам дома, бидејќи немаше време откако ќе си дојдам дома да се мразам себеси. Морав да си кажам себеси: „Се чувствувам добро за сработеното, сега морам да се посветам на себе“ – вели таа и додава дека за себе не мисли дека е најдобра и најпаметна, туку мора да се развива и да се менува.

„Со мене никогаш не разговараш како што зборуваш самата со себе“, ми рече еднаш еден пријател. Сакам да се држам до тоа иако мислев дека е радикална идеја. Но, почнав да ги прифаќам победите и не се чувствувам премногу лошо поради поразите – изјавува Ања.

Profimedia

Таа вели дека многу ја вознемирува тоа што за различните полови често различно се прикажуваат нештата и потсетува на ситуација во која медиумите барале од неа мислење на некоја тема, потоа ја опишувале како „дрска“ и „безобразна“, додека машките колеги што би дале свое мислење ги опишувале како „интелигентни“ и „досетливи“.

Тие зборови се многу моќни и навистина ме вознемируваат, но за среќа и моите машки колеги би биле еднакво вознемирени – вели и открива што ја мачи во врска со движењето „И јас“, со кое жените гласно прозбореа за сексуалното вознемирување.

Опасно е размислувањето кога луѓето ќе кажат: нели е прекрасно тоа што се случи со „И јас“. Секогаш велам, тоа не се случи. Не е единствен настан на кој можеме сега да заборавиме. Тоа е доследно движење кон нешто поголемо – објаснува Ања.

EPA-EFE/ANDY RAIN

Актерката скромно признава дека на почетокот од кариерата немала многу среќа со сценаријата што ѝ ги нуделе, но се радува кога ќе во поново време ќе чуе: „Ох, филмот кој го снимаа жени и во кој тие се главни ликови постигна голем успех и заработка. Треба да снимиме уште такви.“

Сведочиме на една голема промена, што е прекрасно. Луѓето почнуваат да сфаќаат дека постои плодна почва за овие приказни, што порано не го сфаќаа – завршува Ања Тејлор-Џој.

Слични објави

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо
Се вчитува....