22:05 - 6 ноември, 2026

ВИДЕО: Ја критикуваа поради лаги и стереотипи, но „Емили во Париз“ добива и втора сезона

Нетфлик штотуку даде зелено светло за снимањето на втората сезона од серијата „Емили во Париз“, на Дарен Стар, авторот на „Сексот и градот“, „Беверли Хилс 90210“ и др.

Новостите доаѓаат само еден месец по премиерата на серијата на почетокот на октомври. „Емили во Париз“ ја претставува младата американска маркетинг менаџерка Емили (Лили Колинс), која се обидува да стекне репутација во Градот на светлината.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Французите во голема мера ја критикуваа серијата, исткнувајќи дека е „полна со лаги, клишеа и стереотипи“, додека другите гледачи уживаа во неа, говорејќи дека „едноставно е забавна“.

Дека втората сезона официјално е потврдена, ни потврдува и видеото кое е објавено на Твитер профилот на Нетфликс. Во снимката можеме да ја видиме целата актерска екипа, од која секој на свој начин, ја слави оваа вест.

Покрај Лили, во серијата своите улоги ги остварија и Ешли Парк, Лукас Браво, Филипина Лирој-Бољ, Вилијам Абади, Камиј Раза, Бруно Жуери и Семјуел Арнолд.

Датумот зза премиера на втората сезона се уште не е познат.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....