20:05 - 4 ноември, 2026

Харис Џиновиќ откри дека синот Кан не е во контакт со Мелина: „Како ќе ѝ се јави на мама? Нема мама телефон“

Пејачот Харис Џиновиќ настапи во Белград, а меѓу публиката беше и неговиот син Кан Џиновиќ. Неговата ќерка Ѓина Џиновиќ не присуствувала на концертот, а пејачот пред медиумите зборуваше и за семејните односи по разводот со поранешната сопруга Мелина Џиновиќ.

Иако не сакаше да навлегува во детали за нарушените семејни односи, Харис откри дека неговиот син во моментов не комуницира со мајката.

„Синот дојде на концертот, а Ѓина не е тука, таа е во Барселона. Беше неодамна“, изјави пејачот.

На прашањето дали Кан можеби со мајка му разговара за работи што не му ги кажува нему, Харис кусо и иронично одговори: „Како ќе ѝ се јави на мама? Нема мама телефон.“

Пејачот додаде дека со синот има отворен однос и дека често разговараат за различни теми.

„Секако дека разговараме како татко и син. Некогаш се согласуваме, некогаш не. Сè е како и во другите семејства“, рече тој.

Харис се осврна и на својот брак со Мелина, признавајќи дека, иако го сметал за добар, не би сакал повторно да го доживее истото искуство.

„Беше таков каков што беше. Според мене добар, но не би го повторил. Не ми паѓа на памет повторно да трчам по брачни модели“, изјави пејачот.

Тој откри и дека нема намера повторно да се жени.

„Би излегол на пијалак со некоја убава жена, но не со колешки. Повторно да стапам во брак? Што ќе се женам повеќе? Денес од десет бракови, мислам дека седум завршуваат со развод“, рече Харис.

Во разговорот се осврна и на здравствените проблеми на некои колеги од естрадата. За пејачката Мина Костиќ, која неодамна беше хоспитализирана, изрази жалење.

„Жал ми е за Мина, но навистина не знам ниту каде е, ниту што точно се случува. Не сум запознаен со тоа“, изјави тој.

Харис зборуваше и за неодамнешната смрт на сопругата на Халид Бешлиќ, Сејда Бешлиќ, со која биле долгогодишни семејни пријатели.

„Тажно е. Бевме семејни пријатели. Толку многу го сакаше Халид што мислам дека и да беше најздрава, ќе заминеше по него. Тоа му го кажав и на Дино кога се слушнавме пред неколку дена“, рече Џиновиќ.

Слични објави

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.
Се вчитува....