5.8 C
Скопје
01:56 - 1 април, 2026

Греми на балкански начин: Вечерва во „Штарк“ арената се доделуваат наградите МАC 2020

Екипата на Еспресо.мк ќе присуствува на музичкиот спектакл, MAC 2020, кој вечерва ќе се одржи во Штарк арената, а за атмосферата на ова регионално доделување на музичките признанија да биде на највисоко ниво, ќе се погрижат најпрепознатливите ТВ-лица од регионот.

На церемонијата ќе бидат доделени награди за придонес во музичката индустрија на регионално ниво во сите музички правци.

На црвениот тепих ќе прошетаат повеќе од 400 познати лица од шест земји учеснички: Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија.

„MAC е единствено признание кое, освен што го покрива целиот регион, го носи искрениот вкус на публиката, без плеткање на професионалците или критичарите. Искрената лакмусова хартија на она што го сака публиката без какви било филтери“, вели Николина Пишек, која ќе биде една од водителките.

Преносот на манифестацијата почнува во 21 часот, а домаќини на вечерта ќе бидат Тамара Тодевска, Галеб Никачевиќ и Ана Радишиќ.

Тамара Тодевска вели дека е мошне среќна што ќе биде дел од MAC: „Тоа е ноќ во која ја славиме музиката, различноста и што е најважно – неверојатниот талент на нашите регионални музички уметници.“

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....