22:04 - 6 април, 2026

ГОДИНА ДЕНА ЉУБОВ: Еве како Цеца и Богдан ја прославија годишнината

Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ слават една година љубов.

Цеца и Богдан врската ја започнаа на 18 декември минатата година на прослава на заедничкa пријателка. Се криеја еден месец, а потоа во јануари почнаа да се појавуваат заедно во јавноста. Потоа заедно отпатувале во Јахорина, а потоа во Копаоник, каде ја однеле ќерката на Богдан, Искра. Пејачката и менаџерот летово уживаа и во нејзината куќа на Кипар, од каде објавија фотографии на кои се гледа дека се заљубени до уши и дека уживаат во секој заеднички момент.

(ФОТО) ЦЕЦА ВО БЕЛО: Фолк – дивата посреќна од кога било ужива со својот сакан на Кипар

По повод нивната годишнина, парот не сакал помпезна прослава, туку Цеца организирала романтична вечера само за нив двајца, пишува „Информер“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Srejovic (@bogdansrejovic)

– Иако многумина мислеа дека Цеца и Богдан ќе направат забава, тие двајца сакаа да одбележат една година љубов со интимна вечера. Одлучија тоа да биде до базенот во вилата на Цеца на Дедиње. Тие се откажаа од вечера во ресторан за да ги избегнат љубопитните очи. Сакаа да уживаат – вели извор близок до пејачката и додава: – Цеца нарачала посни оброци кај својата готвачка, бидејќи таа и Богдан постат цел божиќен пост. Секако, подготви и подарок, но не сакаше да ми открие за што се работи.

(ВИДЕО) ПРЕСЛАТКО: Внучето на Цеца го кажа првиот збор! Не е ни мама, ни тато

Цеца не крие дека после долги години конечно е среќна во љубовта.

– Заљубена сум! Па, смее и Цеца да биде заљубена! Но, не сакам да го изложувам мојот приватен живот. Љубовта им се случува и на другите луѓе, зошто да не и мене. И јас сум од крв и месо – рече пејачката и додаде дека љубовта со Богдан ја слави секој ден:

– Секој ден за нас е како годишнина. Имам убава врска, среќна сум и задоволна. Тој исто така. Тоа е најважно.

Иако го сака своето момче, Ражнатовиќ не планира да стапне на лудиот камен. И таа и Богдан биле во брак и сфатиле дека „хартијата“ не е гаранција за ништо.

ФОТО | Кое е новото момче на Цеца: Син на поранешен спортист и политичар, угостител и татко на малолетна ќерка

Слични објави

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.
Се вчитува....