03:22 - 8 ноември, 2026

Геј иконата Азис го изговори судбоносното „да“: Бугарската ѕвезда се венчаше во Америка, честитки пристигнуваат од сите страни

Бугарскиот пејач Азис, чие вистинско име е Васил Тројанов Бојанов, ги израдува своите фанови со вест која брзо ја обиколи јавноста – тој официјално стапи во брак.

Радосната новост Азис ја сподели на Инстаграм, каде објави фотографија од својата рака и раката на партнерот, со јасно видливи венчални прстени.

Со кратката, но симболична порака „Тукушто венчани! Ти благодарам, Америка“, пејачот откри дека венчавката се одржала во Соединетите Американски Држави.

Објавата за кусо време собра илјадници честитки и пораки со поддршка од фанови, колеги и јавни личности, кои му посакаа среќа и љубов во новото животно поглавје.

Фото: Инстаграм

Азис со години е познат како еден од најконтроверзните, но и најавтентични артисти на балканската сцена. Неговата животна приказна често била тема на медиумите – од фактот дека е роден во женски затвор во Бугарија, додека неговата мајка издржувала казна, до неговата отвореност околу сексуалната ориентација и личниот идентитет.

Во текот на кариерата, пејачот направи и голем пресврт во својот имиџ. Јавно се дистанцираше од екстремната женска сценска појава, го прифати својот машки изглед, а денес е препознатлив по брадата, тетоважите и фитнес-трансформацијата.

Инаку, Азис и претходно бил во брак со маж, уште во 2006 година, иако истополовите бракови сè уште не се легални во Бугарија. По тој период, тој стана татко на ќерка, која ја доби со својата најдобра пријателка, а често истакнува дека со неа има искрен и отворен однос.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....