За животот на легендарниот музичар е снимен филмот „Bohemian Rhapsody“…
Улицата во лондонското преградие каде Фреди Меркјури живеел како тинејџер го доби името „Freddie Mercury Close“, а свечено присуствуваше и сестрата на починатиот печач на легендарната група „Queen“.
Неговото семејство се пресели во Фелтам во западен Лондон откако во време на револуцијата во 1964 го напуштиле Занзибар.
Властите се сложија да се преименува дел од „Hanworth Road“ во која е седиштето на Светската зороастриска организација.
Семејството всушност живеело недалеку на авенијата „Gladstone“. На тоа место во 2016 година беше поставена плоча. Меркјури почина во 1991 година на 45 години од компликации предизвикани од сида.
„The Mercury Phoenix Trust“, хуманитарната организација основана по неговата смрт, ги подржува неговите проекти за борба против ширењето на ХИВ вирусот во светот.
За животот на легендарниот музичар е снимен и филмот „Bohemian Rhapsody“ со Рaми Малек во улогата на Фреди за која е награден со Оскар.