14:09 - 10 ноември, 2026

ФОТО: За новата улога бил принуден да се здебели, а потоа претерал – Мел Гибсон доби забрана прекумерно да „ужива“ во храната

Во новиот филм „Fatman“ Мел Гибсон ја доби улогата на нетипичен празничен дедо кој наместо подароци во својата рака главно има оружје. Овој црн-хумор му даде прилика да стави неколку килограми вишок на себе, но изгледа дека актерот претерал во уживањето.

Веќе неколку години го гледаме Мел Гибсон во незавидна форма, со вишок килограми и далеку од холивудскиот сјај кој го имаше на почетокот на својата кариера, особено во златните денови кога го снимаше „Храбро срце“

Фото: Профимедиа

Овие денови неговиот физички изглед, но и здравствената слика се провлекуваат низ медиумите, а сето тоа поради новиот филм во кој го игра дедото со вишок килограми. Иако продукцијата од него не барала некои позначани промени, туку само неколку вишок килограми, изгледа дека Гибсон претерал во остварувањето на таа цел.

„Неумерен сум, можам слободно да кажам дека сум свиња“, изјави на конференцијата за медиумите 64-годишниот актер, кој во новиот филм го гледаме како вооружениот дедо. Режисерите Еш и Иан Нелмс се загрижиле за здравјето на својот главен јунак и го предупредиле дека претерал, а потоа му забраниле консумација на слатки и сладолед во кои со задоволство уживал.

Фото: Профимедиа

Самиот Гибсон инсистирал да наталожи повеќе килограми, додека режисерите – браќа го предупредиле дека сепак тоа не е целта на филмот.

„Ги прашав дали мојата улога ми дава прилика да консумирам повеќе сладолед, тие ми одговорија дека тоа што го играм дебелиот дедо не значи дека треба да го уништам своето здравје“, појасни холивудскиот актер.

Слични објави

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.
Се вчитува....