12:00 - 28 ноември, 2026

(Фото+видео) „Капетанот Вито полни една година“: Жарко Димоски му направи родеденска прослава на синот

Македонскиот актер Жарко Димоски и неговата сопруга Андреа му направија тематска забава на синот Вито по повод неговиот прв роденден.

Среќните родители се одлучиле за морнарски декорации, а забавата се случила во еден скопски локал со базен. Гостите се сликаа покрај параван, кој потсетува на брод, украсен со кормило и тегет и бели балони и порака: „Да отпловиме кон малку забава, капетанот Вито полни 1 година“

Слаткиот славеник бил облечен во бело-тегет облека во морнарски стил, а таков фустан облекла и мајка му. И Димоски ја испочитувал темата и облекол бели панталони и маичка, а целиот изглед го дополнил со морнарска марама.

Актерот сподели неколку фотографии на својот инстаграм-профил, а не ви пренесуваме дел од атмосферата.

Слични објави

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.
Се вчитува....