12:23 - 2 април, 2026

(ФОТО) ТАА Е 13 ГОДИНИ ПОСТАРА ОД НЕГО И ВО БРАК СЕ ЧЕТВРТ ВЕК: Актерот е заљубен во неа како првиот ден, а сега тоа го докажа и пред јавноста!

Холивудскиот актер Хју Џекман (53) со емотивна објава и го честиташе 66-от роденден на својата сопруга Дебора Ли Фернес на својот инстаграм – профил, каде не криеше колку е среќен со неа.

Тој на својот профил сподели убави зборови со следбениците и уште еднаш покажа колку му значи неговата 13-години постара сопруга Дебора Ли Фернес. Заедно со нивната заедничка фотографија, Џекмен и посака среќен роденден:

На мојата неверојатна сопруга и е роденден. Не сум сигурен дали можам да го прогласам за национален празник, но чувствувам дека треба затоа што не познавам никој на овој свет кој го цени и слави секој момент од секој ден како неа, напишал актерот во емотивната објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman)


Романтичниот актер ја заврши својата објава со зборовите: „Деб, ти си ми се на светот. Те сакам. Среќен ти роденден!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman)

Хју Џекман и 13-години постарата Дебора Ли Фернес се венчаа на 11 април 1996 година во нивната родна Австралија, откако нивната љубовна врска избувна за време на снимањето на телевизиската серија „Корели“, во која глумеа и двајцата. За време на 25-те години брак тие добија и две деца, денес 21-годишниот Оскар и 16-годишната Ава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman)


Низ годините, ѕвездата на „Волверин“ и на Бродвеј никогаш не криел колку е вљубен во својата сопруга, и покрај тоа што душогрижниците честопати имаа само грди зборови за неговата сопруга, верувајќи дека таа не е доволно добра за да биде со овој холивудски заводник.

Слични објави

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо
Се вчитува....