6.8 C
Скопје
08:46 - 1 април, 2026

(ФОТО) СОПРУГОТ НА БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ СЛАВЕШЕ РОДЕНДЕН: Пејачката блескаше покрај него!

Нашата позната пејачка, текстописец и водителка Бојана Атанасовска-Скендеровски, позната само како Бојана на својот инстаграм – профил објави прекрасни фотографии по повод роденденот на својот сопруг.

„Сѐ е поубаво, полесно, и посреќно кога имаш со кого да го делиш тоа сѐ. Биди најсреќен!“ – стои во описот на фотографијата на која Бојана е прегрната со својот сопруг.

Бојана и Васко се во идиличен брак, а како круна на нивната љубов се ќерката Искра и синот Ѓорѓи. По повод роденденот на Васко, пејачката организираше интимна прослава во еден познат скопски ресторан. Кога имате сопруга која има прекрасен глас, роденденот мора да помине со многу музика.

Додека Бојана пееше сите присутни во ресторанот уживаа во нејзиниот глас и изведба на песната „Lazem sebe da mogu bez tebe“, песна од Божа Николиќ која пејачката ја посвети на својот сопруг.

На прославата присуствуваа родителите и сестрата на Бојана, Ивана Атанасовска, а по повод роденденот на својот сопруг пејачката беше совршено стилизирана во прекрасен црн фустан кој ја следеше линијата на нејзиното тело.

Фото: Принтскрин / Instagram

Фустанот кој Бојана го носеше на роденденската прослава на својот сопруг е креација на наша позната дизајнерка – Ива Спасовска.

Слични објави

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо
Се вчитува....