18:29 - 10 ноември, 2026

(Фото) Шакира се препушти во прегратката на најсигурната љубов во животот; „чиста љубов“ за разлика од онаа на Пике

За пејачката ѕвезда Шакира (45) овој период не е баш најдобар во нејзиниот живот. По нејзината разделба од фудбалерот Жерар Пике (35), татко на нејзините деца Милан и Саша, која се случи пред два месеци, следуваа правните проблеми кои наскоро ќе ја одведат на суд во Шпанија: пејачката се соочува со можна казна од повеќе од осум години затвор, и парична казна од над 20 милиони евра, за наводен случај на даночна измама.

Шакира последниве денови го прекина молкот на социјалните мрежи за да покаже дека е целосно фокусирана на нешто сосема трето и најважно за неа – благосостојбата на своите деца, со кои изминативе недели патуваше во Мајами, Мексико и Лос Анџелес.

Последната фотографија што ја сподели на Инстаграм се фокусира токму на идејата дека нејзините  малечки се нејзино најдобро прибежиште за да се исклучи од неволјите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

„Најчиста љубов“, напиша колумбиската пејачка постирајќи фотографија која ја прикажува во силна прегратка со Милан и Саша, родени во 2013 и 2015 година.

Да потсетиме, Шакира и дефанзивецот на ФК Барселона ставија крај на нивната врска во јуни, а нема разрешница околу старателството на децата и евентуалната преселба на Шакира (со децата) во Мајами, што таа го посакува. Врската на Пике и Шакира датира од летото 2010 година.

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....