23:08 - 31 јули, 2026

Се очекува големо поскапување на еден вид важни намирници, во Европа овие намирници веќе се крадат, па продавниците ги ставаат на полици со аларм

Поскапувањата достигнаа такви размери што секое влегување во продавница носи ново непријатно изненадување. Некои производи поскапуваат бавно, но речиси секојдневно, додека на други цените скокаат нагло, како што се случи неодамна со лебот.

Во првиот бран поскапеа млекото и другите млечни производи, вклучително и путерот и кашкавалот.

Цените на сите млечни производи во Англија лани пораснале за дури 13 отсто. А и понатаму се зголемуваат цените на млекото, сирењето и путерот. Зголемувањето на цените е толку големо што се повеќе луѓе се во искушение да почнат крадат. Затоа големите англиски трговски синџири Sainsbury’s, Coop и Tesco, дури и англиската филијала на Aldi, млечните производи ги ставаат на полици со дополнителен аларм, пишува списанието Феникс.

Сепак, големите германски трговски синџири засега не сакаат да воведат вакви осигурителни мерки, но доколку цените продолжат да растат, тие се можни, пишуваат германските медиуми.

– Поскапувања на млечните производи со подолги договорни рокови ќе има во наредните недели и месеци. Можно е да се зголемат стапките за 20 проценти. Сепак, ова е прашање на преговори меѓу млекопроизводителите и трговците на мало. Некои производители на путер наплаќаат повеќе од три евра за пакет од 250 грама, изјави за „Neue Osnabrücker Zeitung“ Бјорн Бергерман, директор на Здружението на млечната индустрија, пренесува магазинот Феникс.

Се нагласува дека врвот на цени на млекото и путерот се уште не се достигнати, но добрата вест во се е што цената на маслото за јадење го достигна својот врв и се очекува да падне.

Се надеваме дека во Македонија нема да има вакво драстично поскапување на млечните производи и дека нема да се воведат такви заштитни мерки кои главно до сега се однесуваа на алкохолните пијалоци. Сепак, есента и зимата ќе бидат понезгодни од летото, па можни се непријатни изненадувања.

 

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....