2.8 C
Скопје
23:01 - 27 март, 2026

ФОТО | Се ожени водителот Марко Новевски: Совршено стилизирани во жолто со невестата

Популарниот водител Марко Новески кого го гледавме во квизот „Листа за триста“ а публиката најмногу го памети по забавното шоу „Дај побрзај“, застана на лудиот камен.

Иако изјавуваше дека не му се брза да влезе во брак, очигледно се премисли и реши да ја озакони врската со девојката Цена Плавевска. Тој ја објави среќната вест на својот инстаграм-профил.

„Се оженив! Те сакам Плавевска и едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна. Голема благодарност до кумот Дамјан за безрезервниот ангажман околу целата работа и секако до старосватицата Сашка за стручната логистика околу овој чин“, напиша  Марко во објавата и сподели неколку фотографии од свечениот момент.

За овој убав настан, кој се одвивал според ковид-протоколите, младоженецот и невестата не носеа класична свадбарска облека. Односно и двајцата беа облечени во жолто-бела комбинација, Марко во кошула и панталони, со пеперушка, а невестата во жолто-бело здолниште со бела маица.

Извор: Слободен Печат

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....