14:22 - 28 ноември, 2026

(Фото) Прослава во домот на Сека Алексиќ! Пејачката на посебен ден му се обрати на својот помал син

Вчера беше посебен ден за пејачката Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ. Нивниот син Јован славел роденден. По тој повод Сека на својот Инстаграм профил сподели емотивна фотографија од синот.

Овој роденден е особено емотивен момент за пејачката и нејзиниот партнер, бидејќи Јован заедно со неговиот постар брат Јаков станаа дел од нивното семејство благодарение на ин витро оплодувањето.

Сека еднаш проговори за предизвиците со кои се соочила кога се одлучила за ин витро оплодување:

Пејачката отворено зборуваше за своето искуство со ИВФ, истакнувајќи дека тоа е период со кој сега со задоволство го споделува своето искуство:

– Како народ не сме доволно едуцирани за ин витро оплодување – призна Сека, додавајќи дека и самата на почетокот не била свесна за сите аспекти на процесот.

Сека истакна дека еден од најголемите предизвици во тој период бил психолошкиот аспект на ИВФ, особено кај жените. Иако многумина веруваа дека станува збор за исклучиво медицински проблем, пејачката нагласува дека често е и емотивен товар.

– Седум години бев во тој процес, а потоа сфатив дека тоа не е само медицински проблем. Тоа е психолошки предизвик, кој најчесто ја погодува жената – изјавила Алексиќ, додавајќи дека во тој период имала огромна поддршка од партнерот Вељко, која била пресудна за неа.

– Со оглед на тоа дека Вељко по природа е мирен, прво мислев дека ќе ме остави бидејќи не можам да имам деца. Но, тој ми беше поддршка, кога плачев, беше тука да ме утеши и охрабри – се присети Сека.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.
Се вчитува....