17.8 C
Скопје
15:47 - 18 октомври, 2026

(Фото) Носталгија во еден кадар: Елена Ристеска сподели фотографија од младоста која ја стопли јавноста

Македонската поп-пејачка Елена Ристеска ги разнежни своите следбеници на социјалните мрежи со ретка и емотивна фотографија од своето минато. Станува збор за стара снимка направена во нејзината детска соба, каде што е опкружена со блиски пријатели и колеги од музичката сцена.

„Нема да заборавам никогаш колку дружби имаше некогаш. Ова е слика од мојата некогашна детска соба, а во неа едно убаво друштво“, напиша Ристеска, пренесувајќи искрена носталгија за едно безгрижно време.

На фотографијата може да се забележат познатите имиња од македонската естрада – Александар Билјановски – Дадар, Роберт Билбилов, Сања Николиќ, Петар Ѓошев, Дарко Димитров и Тања Таневска – сите собрани во домашна, топла атмосфера, типична за едно поинакво време на дружење.

Ѕидовите од собата се украсени со постери и насловни страници со ликот на младата Елена, потсетувајќи на нејзините почетоци во музиката.

Фото: Инстаграм

Слични објави

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.
Се вчитува....