8.8 C
Скопје
06:12 - 20 февруари, 2026

(Фото) Нина Бадриќ стана „авион“ следејќи ја диетата на Ноле: Овие намирници ги исфрли од исхраната

Пејачката Нина Бадриќ важи за една од најубавите жени на сцената во регионот, неодамна влезе во шестата деценија, а следбениците на социјалните мрежи често ги воодушевува со својот изглед, особено кога објавува фотографија во костим за капење.

Таа во една прилика ја откри тајната на нејзиниот совршен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

Нина пред три години воведе нова диета и строго се придржува до неа. Ги исфрлила намирниците од животинско потекло – „Откако се хранам вака, телото ми е во рамнотежа, кожата и косата ми се сјајни, а имам милион пати повеќе сила и енергија во споредба со претходните години, кога не размислувам толку многу за храната што ја јадам“, рече Нина.

„Долго време ја следам диетата на Новак Ѓоковиќ и на многу блиски луѓе кои се хранат така со години, и се навистина има смисла. Мојата сила тројно се зголеми. И умот и телото. Се чувствувам одлично, енергично, ведро, силно и на сите им препорачувам да си го подигнат имунитетот со здрава исхрана, па затоа и килограмите се топат, оваа промена е начин на живот, а не еднократна диета, а придобивките од оваа диета се навистина непроценливи за нашето здравје и живот“, напиша таа на својот инстаграм-профил.

инстаграм

Нејзината исхрана се базира на зеленчук, кој го јаде во неограничени количини. Јаде салати со секој оброк, а внимава и на внесувањето овошје бидејќи содржи многу шеќер – „Во менито вклучив и супи од брокула, тиква и други зеленчуци. Ми одговара затоа што ме заситува, а не се чувствувам подуено“, додава Нина, која го намалила внесот на тестенини на минимум и воопшто не конзумира газирани пијалоци. Кога ќе посака нешто слатко, јаде две до три коцки темно чоколадо на база на какао.

Единствена изјава на Цеца Ражнатовиќ за Драгана Мирковиќ: „На дотичната колешка ѝ посакувам…“

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....