18:43 - 29 ноември, 2026

„Бастијан не ме разбира“: Сите мислат дека Ана Ивановиќ има брак од соништата, но за едно не можат да се договорат

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ проговори за заедничкиот живот со поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер. Иако можат да се пофалат со брак од соништата, меѓу нив, како и во секој дом, има и моменти на несогласување за одредени работи.

Факт е дека Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер важат за еден од најскладните парови на целата светска јавна сцена.

Тие двајца се во брак од 2016 година, имаат три деца, а поранешната тенисерка често без двоумење зборува за врската која ја градат со синовите, но и еден со друг.

Српската тенисерка неодамна гостуваше во подкастот „Алесто“ и допре до различни примери кои укажуваат дека таа и Бастијан на крајот на денот се како секој друг брачен пар кој понекогаш не се разбира баш најдобро.

– Бастијан не ме разбира. Само ми кажува дека имам проблем со организацијата. Многу ми е смешно, бидејќи сум многу организирана, и се обидувам да му објаснам дека немам проблем со организацијата. Едноставно имам премногу работи кои не можат да се вклопат во еден ден, но тој тоа не го разбира. Тој сето тоа го поедноставува. Има време да се одмори и да пие кафе и не разбира зошто не можам да си го организирам денот на ист начин – низ насмевка изјави Ана Ивановиќ.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.
Се вчитува....