11:47 - 27 август, 2026

(Фото) Непријатна ситуација: На хрватската ѕвезда Маја Шупут ѝ пукна костимот среде концерт!

Пејачката Маја Шупут доживеа незгода за време на настапот во општината Ткон на островот Пашман. Таа пееше облечена во долги панталони и краток бел топ, но горниот дел од костимот ѝ пукна среде концерт.

Кога сфатила што се случило, побарала од публиката дали има некој маж што би ѝ позајмил маица. Еден господин ѝ ја дал својата кошула, во која таа го завршила настапот.

„Благодарам на овој прекрасен господин Иван кој ми ја даде кошулата кога ми пукна костимот“, напиша таа покрај фотографијата со него на бината.

Фото: Скриншот

Пред концертот во Ткон, Маја Шупут била на Корчула во друштво на Шиме Елез, познат на јавноста по учеството во шоуто „Господин совршен“. Двајцата биле снимени на ручек во еден ресторан крај морето.

Поради доаѓањето на Маја Шупут, танчерки одржале, како што беше наведено во објавата, дополнителна точка. Тие заиграле на нејзината песна „Рај и пекол“, а таа им се придружила.

Слични објави

Заветот на овчарот – легендата зошто секоја година се дава ручек во скребатинскиот манастир на празникот Голема Богородица

Еспресо

(Фото) Го одврза ќесето – Јелена Карлеуша ги однесе ќерките на шопинг во Дубаи

Еспресо

Видео од настапот на Дарко Лазиќ предизвика сaркастични реакции на социјалните мрежи

Е.А.

Хороскоп за 27 август: Овните ќе се фокусираат на саканата личност, Близнаците ќе имаат креативни идеи

Еспресо

(Видео) „Кога не пијам терапија ми отекува вратот“: Ѓина Џиновиќ откри од што боледува

Еспресо

(Фото) Предизвика „бура“ во Америка – сопругата на Сергеј Трифуновиќ позираше топлес

Еспресо
Се вчитува....