16:24 - 29 ноември, 2026

(Фото) „Не ме испочитуваа“: Саша Ковачевиќ го откажа вечерашниот концерт во Охрид

Саша Ковачевиќ вечерва требаше да одржи концерт во Античкиот театар во Охрид, една од најатрактивните локации за музички настани во летниот период во Македонија.

Но, српскиот пејач ги извести своите обожаватели дека концертот е откажан поради „лошата организација“ од страна на организаторите и дека се радува за следното дружење со македонската публика.

„Драги мои Македонци. Со оглед на тоа што организаторот на концертот во Охрид (закажан за 5 август) не ги исполни основните обврски според договорот, ние бевме принудени да го откажеме концертот и покрај сета желба и труд тој да се одржи. Исклучително многу се радувам на нашето следно дружење, но со некој поинаков организациски состав. Многу ве сакам“, напиша пејачот на својот инстаграм-профил.

Слични објави

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.
Се вчитува....