17.8 C
Скопје
11:53 - 21 октомври, 2026

(ФОТО) Најубавата жена во светот пристигна во Венеција: Моника Белучи изгледа подобро од кога било

моника белучи

Славната Италијанка, прогласена и за најубава жена на светот, на промоцијата на носела едноставна летна комбинација: елегантни панталони, блуза со шарен принт и црни сандали со висока потпетица.

Италијанската актерка Моника Белучи се појави на 79. Филмски фестивал во Венеција. За среќа, традиционалната манифестација нема да помине без големата италијанска и светска ѕвезда која заедно со останатите членови на екипата го промовира филмот „Siccita“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dress tv (@dress.tv)


Едноставно – како и најчесто, и овој пат била одлично стилизирана. Моника, инаку, има карактеристична смисла за мода.

Во Венеција денеска ја гледаме во модно издание кое е посмирено од нејзините впечатливи фустани во кои може да се појави. На себе носи и гломазни очила за сонце кои дури станаа и еден од нејзините препознатливи модни додатоци.

Можеби поради добриот избор на облека или нешто друго, Моника изгледа како да е во навистина добра форма, а познато е дека последниве години варира со нејзината тежина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FCC Daily (@fashion_celebs_critics_)


Забележуваме и дека нејзиното лице изгледа многу освежено. Со оглед на тоа дека актерката важи за ѕвезда која не сака пластична хирургија или други вештачки методи на разубавување, големи се шансите да не подлегнала на трендот „вечна младост“. Убавата актерка изгледа помладо од претходните фотографии направени неодамна.

Слични објави

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо

Хороскоп за 21 октомври: Партнерот се оддалечува од Раковите, а на Девиците им подготвува изненадување

Еспресо
Се вчитува....