0.8 C
Скопје
17:38 - 22 декември, 2024

(ФОТО) Кијану Ривс со саканата на „MOCA Gala“: Александра Грант е жената која ја врати насмевката на лицето на актерот

Познатиот актер и неговата 49-годишна девојка се појавија на „MOCA Gala“ – церемонија што се одржа во „Geffen Contemporary“ во Музејот на современа уметност во Лос Анџелес.

Кијану Ривс (57) и Александра Грант фатени за рака уживаа во едно од ретките заеднички јавни појавувања. На гала настанот тие се појавија во елегантно издание. Кијану за оваа прилика одбрал класичен темносин костум, бела кошула и сино-црвена вратоврска, со својата препознатлива фризура, додека Александра блесна во елегантен црвен фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELLE España (@elle_spain)

Парот се држеше за раце на црвениот тепих, а додека позираа пред фотографите постојано со насмевки на лицата се гледаа во очи. Едноставно, љубовта меѓу нив цвета како првиот ден.


Двојката првпат ја објави својата врска во ноември 2019 година, појавувајќи се заедно на црвениот тепих, но подоцна беше откриено дека тие биле тајно во врска година и половина пред нивното појавување во јавноста.

Парот веќе неколку години успешно го избегнува прашањето за брак или свршувачка, а секогаш истакнуваат дека љубовта им е доволна и дека не им треба хартија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gente Settimanale (@gentesettimanale)


Познатиот актер е воздржан тип, па никогаш не го откривал својот приватен живот во јавноста. По неуспешните љубови и несреќи во минатото, сигурно е дека Кијану со Александра го најде своето спокојство.

Љубовта на Ривс и Александра е родена и „израсната“ далеку од рефлекторите:

„Кога Александра ми рече дека Кијану Ривс е нејзино момче, останав запрепастена“, откри Џенифер Тили, блиска пријателка на Грант. „Тој е исклучителен тип, додава Тили, и двајцата се среќни што се пронајдоа, ниту еден од нив не страда од славната личност на другиот. Навистина, тие се поддржуваат еден со друг, и приватно и професионално“.

Познатата уметница се најде на насловните страници за нејзините прилично софистицирани и ексклузивни уметнички изложби во Соединетите Држави, но и за кампањата во корист на позитивноста кон телото. Александра секогаш гордо позира со својата предвремено седа коса.

Токму поради седата коса, фановите на актерот не веруваат дека неговата девојка е прилично помлада од нивниот миленик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandra Grant (@grantalexandra)


Живее и работи во Лонс Анџелес каде има и свое студио кое го носи нејзиното име.

Некои ја споредуваат со Хелен Мирен во убавината и ставот, а тоа неа ѝ ласка, сепак таа повеќе сака да ги гледа актерите на екранот или на филмското платно, отколку да биде во нивна директна близина. Киану Ривс е исклучок.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....