13:06 - 7 септември, 2026

(Фото) Ќерката на Борко Ристовски наполни две години, малечката Анастасија модно усогласена со мајка ѝ

Анастасија, ќерката на поранешниот ракометен голман Борко Ристовски и неговата сопруга Нина, наполни две години. По тој повод, семејството приреди роденденска забава во еден од познатите скопски ресторани, во друштво на најблиските роднини и пријатели.

Насмеана и разиграна, малата Анастасија привлече внимание со својата ведрина, а многумина забележаа дека со крупните сини очи и руса коса го наследила најдоброто од двајцата родители.

Фото: Фејсбук/Нина Ристовска

За оваа посебна пригода, Нина и Анастасија беа модно усогласени, носејќи фустани со карнери во крем боја со црни точки. Еден од најемотивните моменти беше фотографијата што Нина ја сподели на социјалните мрежи, на која со нежна порака ѝ порача на ќерка си: „Те сакам“.

Фото: Фејсбук/Нина Ристовска

Освен Анастасија, Нина и Борко го имаат и синот Душан, кој исто така беше дел од веселата атмосфера на семејната прослава.

Фото: Фејсбук/Нина Ристовска

Слични објави

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

(Видео) Падна бакнеж меѓу Душко и Карлеуша: Емотивно ѝ се обрати, а таа не ги сокри солзите

Еспресо

Ќерките на Горан Бреговиќ ќе наследат империја од недвижности вредна повеќе од 35 милиони евра

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Оделе во исто училиште, а не знаеле дека се брат и сестра: Марија Шерифовиќ како девојче дознала болна семејна тајна

Т.Ц.

Хороскоп за 7 септември: Мора да бидете практични и реални

Еспресо
Се вчитува....