15:35 - 4 ноември, 2026

(Фото) Катарина Ивановска стана капетанка — македонската манекенка уживаше во едрење со саканиот и пријателите

Македонската манекенка Катарина Ивановска помина неколку дена на едрење во друштво на својот сакан Стефан Ханџиски и пријателите, а ова патување ѝ донесе и нова вештина.

На Инстаграм, Катарина сподели фотографии и видеа од морската авантура, откривајќи дека научила да управува со едрилица.

„Нова вештина совладана: Капетански режим. Од патничка до капетанка“, напиша манекенката покрај објавата.

Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска
Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска
Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска

На фотографиите може да се види како Катарина управува со едрилицата, но и како ги совладува теоретските делови од едрењето, со бележник пред себе.

Покрај учењето, имало време и за уживање. Манекенката сподели фотографии од капење во море, дружење со пријателите и прекрасното зајдисонце.

На дел од фотографиите позира и со Стефан, со кого го сподели ова интересно искуство.

Слични објави

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.

(Фото) Роденденската прослава продолжи – познатата босанска инфлуенсерка направи журка во Токио за 42. роденден

Еспресо

Оливер Мандиќ изградил рај на Тара, 4 луксузни куќи од 450 квадратни метри и мост – империја вредна милиони

Еспресо

Викторија Лоба: Многу сум емотивна и ранлива, а некои мислат дека сум арогантна и недопирлива

Еспресо

Цеца Ражњатовиќ започна нов бизнис: Регистрираше фарма и кланица на својата адреса, а фирмата ги има и првите минуси

E.A.
Се вчитува....