7.8 C
Скопје
13:16 - 22 декември, 2024

(ФОТО) Јелена Спенџарска: Начитана жена е опасно суштество!

Познатата водителка на утринска програма и инфлуенсерка, Јелена Спенџарска шармира со својот изглед и природна убавина. Водителката покрај на малите екрани, се повеќе внимание преку со објавите на социјалните мрежи.

Јелена е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде ја следат повеќе од 40 000 фанови. Профилот на убавата водителка е преплавен со прекрасни фотографии и видеа, како професионални така и приватни фотографии и моменти споделени со бројните фановите.

Последнета објава на водителката го привлече нашето внимание. Спенџарска на фотографиите ужива читајќи книга додека пие кафе под последните зраци на декемвриското сонце, но топло облечена во бела зимска јакна, џемпер и топла зимска капа. Ова е уште една моќна пораката на неделата од Јелена упатена кон нејзините бројни следбеници.


Негде прочитав дека A WELL READ WOMAN IS A DANGEROUS CREATURE….и апсолутно се согласувам. Целата (погрешна) слика која сум ја имала за себе почна да се менува откако сфатив дека животот кој го живеев пред неколку години не ми донесе ништо ново освен повторување на се едни исти работи и очајно сакав да излезам од таа досадна рутина. Мислев дека сите треба да бидат задоволни од мене и најважно е да имаат добро мислење за мене, без разлика што мене ништо не ми беше убаво и уште пострашно- не се чувствувам среќно! – стои во описот на објавата на  Јелена која не застанува тука…


Кога ОДЛУЧИВ дека сакам да го живеам животот кој си го посакував за себе, тек тогаш сфатив дека ИЧ НЕ Е ВАЖЕН туѓиот став, сите и онака секогаш СЕ знаат за секој, а најмалку за себе, па дали некој ќе ме сака или не- тотално ми НЕбитно! Тоа ми беше најголемиот товар кој го отфрлив прво. Учев и уште учам да се сакам СЕБЕ, тоа ми недостигаше доста време и книга по книга, процес по процес, дојдов до степен да се освестам каде живеам, која сум, да дознаам што точно сакам и како да си ги исполнам своите желби. Да одам каде ќе посакам, да ги имам во пријатели најзабавните луѓе, да си читам книга додека си пијам кафе на сонце, да бидам ментално и физички во одлична форма, едноставно да бидеш слободен човек и да знаеш дека сите врати ти се отворени…, продолжува Јелена….


Гледам дека многу луѓе ден денес се скептични за себе и не веруваат дека можат да направат чуда! Некако,тоа им изгледа многу нереално и тешко, а се е толку едноставно. Твојот надворешен свет е огледало на она што секој ден го мислиш. Смени ги мислите ако надвор не е убаво. Мисли на тоа ШТО ТИ САКАШ, остави ги другите, не посочувај со прст. Заспиј со мислата како би ти било кога ќе се исполни тоа што го сакаш, како ќе се чувствуваш. Подготви се. И уживај во процесот! WHAT YOU EXPECT-YOU ATTRACT! – стои во опширниот опис на објавата на Спенџарска.

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....