03:48 - 8 ноември, 2026

(Фото) „Ја славиме љубовта на Безос и Лорен“: Иванка Трамп ги покажа долгите нозе во Венеција

Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер пред неколку дена пристигнаа во Венеција за раскошната венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез. Тие беа првите ВИП гости што пристигнаа во Италија и го искористија времето да го разгледаат градот со своите деца.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)


Иванка сега се пофали на своите профили на социјалните мрежи со стајлингот што ја носела за првата од трите прослави. Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп облекла светкаво розов мини фустан, додека нејзиниот сопруг се одлучил за класичен темен костум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump)

Покрај фотографиите, Иванка порачала: „Подготвени да ја прославиме љубовната приказна на нашите пријатели Џеф Безос и Лорен Санчез.“

Милијардерот и поранешната новинарка ќе го изговорат судбоносното „да“, и тоа во бенедиктинската црква од 16 век на островот Сан Џорџо. Церемонијата е закажана за 27 јуни, но прославата ќе трае повеќе денови.

Освен Иванка Трамп, и холивудската елита била на списокот на гости. Том Брејди, Орландо Блум и Опра Винфри пристигнале вчера, како и Ким Кардашијан, Клои Кардашијан, Кендал Џенер, Кајли Џенер и нивната мајка Крис Џенер. Меѓу присутните бил и холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо со девојката, топмоделот Виторија Черети.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....