13:38 - 7 април, 2026

(ФОТО) ИЛИНА АРСОВА се закити со наградата „Европска жена на годината“: Игор прегорд на својата сакана!

Instagram

Сите љубови се слични една на друга, а различни на посебен начин. Игор Џамбазов и Илина Арсова несомнено станаа омилениот пар на македонската јавност. И двајцата се активни на социјалните мрежи и умешно знаат да ги радуваат своите обожаватели и пријатели со заеднички фотографии, взаемна поддршка и позитивна енергија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)


Вчера на Меѓународениот ден на жената — светски празник што се одбележува секоја година на 8 март Илина Арсова се закити со посебна награда. Делегацијата на Европската Унија во Скопје ја прогласи македонската ликовна уметница и планинарка, Илина Арсова за „Европска жена на годината“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova)


Илина беше претставена од страна на амбасадорката на Германија, Анке Холштајн. Покрај неа, во изборот учествуваа и докторката Маја Мојсова-Мијовска – претставена од амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ; претприемачката Наталија Бургиева – претставена од амбасадорот на Европска Унија, Дејвид Гир; режисерката Дина Дума – претставена од амбасадорката на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон; директроката на Националната галерија Дита Старова Ќерими – претставена од амбасадорката на Романија, Моника Аксинте.

„Честит 8 Март, драги жени. Годинава добивам награда на овој ден. Им благодарам на Амбасадорите и организаторите за номинацијата и на сите вам што гласавте за „Европска жена на годината“.

Им честитам и им се воодушевувам на останатите жени кои учествуваа во изборот. Прекрасни сте! Да продолжиме да инспирираме, да покажеме што е солидарност и да го менуваме светот заедно“, се огласи Илина преку својот инстаграм-профил по добивањето на наградата.

По објавата на Илина се огласи и Игор кој беше особено среќен и горд на својата сакана, а тоа не го криеше од јавноста:

„Мојата единствена жена, стана „Европска жена на годината“. Честитки, љубов моја. За мене секогаш ќе си светска жена“, пишува Игор на Инстаграм.

 

 

Слични објави

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.
Се вчитува....