7.8 C
Скопје
20:01 - 31 март, 2026

(ФОТО) ИГОР ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОД ВЕНЧАВКАТА НА СВОИТЕ РОДИТЕЛИ: За некои луѓе, смртта е само ваучер за во вечноста…

Македонија пред десет дена се прости со својот маестрален диригент и композитор Александар Џамбазов. Веста за смртта на маестро Џамбазов ја соопшти неговиот син Игор на социјалните мрежи, а потоа се огласи и неговата сестра, Тања.


Со голема тага огромен број соработници, пријатели и јавни личноси се збогуваа со незаменливиот маестро Џамбазов на комеморацијата во МОБ.


Во спомен на своите родители, нашиот познат актер и шоумен, син на Александар и Анче Џамбазови, Игор Џамбазов, на социјалните мрежи сподели фотографија од нивната венчавка.

„За некои луѓе, смртта е само ваучер за во вечноста…“ – стои во описот на објавата на Игор.

Маестро Џамбазов завршил музичка академија во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио – телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на над педесетина награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @balkanino


Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....