27.8 C
Скопје
16:56 - 12 мај, 2026

(ФОТО) Игор Џамбазов: Вчера ја имав таа среќа да почувствувам нешто што ретко кој го има почувствувано

Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ годинава беше доделена во рацете на актерот Игор Џамбазов, внукот на актерскиот великан Петре Прличко.


По примањето на наградата денес на својот инстаграм – профил Игор напиша:

„Вчера ја имав таа среќа да почувствувам нешто што ретко кој го има почувствувано. За да се уверам дека тоа навистина е така, направив интернет-истражување, и не пронајдов таков случај никаде во светот. Да добиеш награда што го носи името на твојот дедо. И плус фестивал што се вика 5-ре , исто како и неговиот уметнички потпис. Незаборавна вечер полна со емоции, многу смеење и солзи радосници. И духовити колеги кои отворањето го направија во стилот на „оскарите“. Ви пожелувам на сите по една ваква ноќ во животот. И добро утро. Одам малку да се порадувам“ – стои во објавата на актерот.

Игор е роден е на 15 јули 1963 во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко. Што се однесува до почетоците во глумата, неговата примарна професија, Игор Џамбазов со глума почнал да се занимава на шестгодишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот, во режија на Ватрослав Мимица. Во текот на детството, во тинејџерскиот период, па сè до запишувањето на Академијата за драмски уметности, тој е присутен во различни емисии и серии. Значајна улога во овој период е улогата на Трајче во филмот кој се заснова на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играл главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.


По дипломирањето на Академијата за драмски уметности работи во Драмски театар, а подоцна преминува во МНТ. Одреден период тој ја имал можностa да глуми во МНТ додека во него сѐ уште глумеле неговата мајка Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко. Во 1996 година играл во филмот „Добредојдовте во Сараево“ (Welcome to Saraevo) во режија на Мајкл Винтерботом. Се снимал во Сараево за време на војната, па во Сплит и две недели во Лондон. Ликот што го толкувал бил меѓу првите десет важни лика. Во филмот се појавиле Вуди Харелсон, Мариса Томеи, Горан Вишниќ, Стивен Дилен и други. Премиерата била на Канскиот фестивал.

 

Слични објави

(Фото) Се сеќавате на Кончита од Евровизија? Денеска е непрепознатлива!

Еспресо

Кристина Арнаудова откри како го мотивирале синот да трча: „Му купувавме пехари без да знае“

Еспресо

Астролозите ги рангираа хороскопските знаци од најголеми до најмали егоисти: Откријте каде сте вие на листата

Т.Ц.

Теа Трајковска по трагедијата во Кочани: „Имав панични напади и со месеци не излегував од дома“

Еспресо

Од телохранител до сопруг: Теа Таировиќ сподели ретки фотографии со Иван по повод годишнината од бракот

Еспресо

Здравко Чолиќ ја реновира вилата на Дедиње – поставени нови камери и сензори откако му беше флена бомба во дворот

Е.А.
Се вчитува....