12.8 C
Скопје
07:10 - 16 април, 2024

Ве излудува што секоја вечер се будите во исто време? Еве зошто тоа се случува и како да го избегнете

Според истражувањето направено од „Филипс Хелткеар“, 67 отсто од возрасните луѓе тврдат дека се будат барем еднаш во текот на ноќта.

-Сите се будат кратко во текот на вечерта повеќепати, меѓу пет и седум, меѓу циклусите на спиење. Тоа е сосема нормално, а потоа следува брзо враќање во сон, обично со амнезија за будењето – објаснува психологот Шелби Харис.

Но честото будење во исто време во текот на ноќта е друга работа и може да го поремети циклусот на спиење.

-Кога спиењето и сонот не се консолидирани, лицето може да се чувствува уморно, поспано и со заматен разум во текот на денот – вели Харис.

Многу причини, од здравје до начин на живот

Некои од причините што сонот не е добар можат да бидат несоницата или апнеата. Тоа се здравствени проблеми кои се решаваат со стручна помош. Ако здравјето не е проблем за вашето ноќно будење, можно е виновникот да е начинот на живот. Со прекумерната изложеност на екраните и сината светлина која го разбудува мозокот, тука се вбројува и алкохолот. Иако тој на почетокот може да помогне да заспиете, тој сигурно може да биде причина да се разбудите во текот на вечерта.

Тажно но вистинито – колку сме постари, толку сонот ни е поплиток. Но, уште еден фактор исто така влијае на квалитетот на сонот. Тоа се хормоните, особено кај жените. Бременоста и предменопаузата се особено две чувствителни состојби.

Будењето во исто време може да биде поврзано и со стресот или со некоја грижа.

-Многупати кога ќе заспиеме со некоја грижа, ја процесуираме во текот на сите фази на сонот, а на крајот се будиме со истата грижа, ненаспани – вели Марк Алоја од „Филипс Хелткеар“.

Водете дневник на грижи

Марк Алоја советува сите кои имаат проблем со спиењето да имаат еден дневник на грижи покрај креветот и да го запишуваат се она што им предизвикува стрес, за да ја елиминираат „сеансата на грижење“ во текот на ноќта.

Харис пак, додава дека често очекувањето на некој настан, на пример, очекувањето дека детето ќе заплаче во некое време на ноќта, или дека повторно нема да успееме да ја отспиеме цела ноќ, може да предизвика „лесен“ сон кој лесно доведува до будење.

Решение? 

Тоа може да се доведе до ред ако се воспостави здрава рутина на спиење. Се започнува барем 30 минути пред спиење кога е потребно да се исклучат сите екрани и уреди кои е добро да бидат сосема отстранети од спалната соба.

Важно е да се внимава и на внесот на храна и пијалаци. Да се избегнува алкохол, тешки јадења и стимуланси полни со шеќер и кофеин.

Пресудна е и температурата на собата. Спалната соба треба да има 18 степени, кои се најпријатни за сонот.

Ако имате часовник, будилник, аларм или било што слично што покажува време, отстранете го од вашиот видокруг во текот на вечерта.

Ако се разбудите немојте да проверувате на мобилниот телефон колку е часот или да гледате во насока на часовникот.

Слични објави

Пресреќни: Два хороскопски знаци наскоро ќе добијат незаборавно изненадување

еспресо

(Фото) Се соблече славната Касандра, фановите побудалеа: „Браво, ваква жена сакам!“

еспресо

Полни срца: Три хороскопски знаци ќе имаат среќа во љубовта до крајот на април

jasmina.kantardzieva

(Фото) „Јас се женам, сите се твои!“: Сергеј Трифуновиќ објави фотографијa со татко си и 23 години помладата свршеница

Еспресо

(Видео) „Она кога Саша Поповиќ ќе те вози!“: Постапката на креативниот директор на „Гранд“ предизвика лавина коментари

Еспресо

Се огласи сопругата на Џенан Лончаревиќ по веста за разводот: „Сака да ме исфрли од домот, купи стан за љубовницата“

Еспресо
Се вчитува....