11.8 C
Скопје
10:28 - 18 октомври, 2026

(Фото) Хрватската пејачка гола на базен, поради една работа сите ја зумираат

Хрватската пејачка и авторка на бројни хитови Алка Вуица отсекогаш знаела да го сврти вниманието кон себе, како со својата работа, така и со провокациите.

Алка тоа уште еднаш го потврди со фотографија на која покажа како се опушта наутро, со која им ја поттикна фантазијата на многумина.

Алка се сончала покрај базен, а освен што се пофалила со завидна фигура, на фотографијата изгледа како да не носи костим за капење.

„Добро утро рокери, се гледаме во Пула“, порачала таа.

Алка позира покрај базен и ги впива сончевите зраци, а поради аголот на сликата изгледаше како да е гола. Дури и да имала костим за капење во боја на кожа, не се гледало…

Инаку, Алка овој јуни наполни 63 години, а во пресрет на роденденот за хрватски „Стори“ зборуваше за стареењето.

– Многу ми пречи процесот на стареење. Пред некој ден ми донесоа неколку фотографии од младоста и не ми беше добро. Најтажно е што човек не е свесен за себе тогаш кога изгледа најдобро. Дури подоцна сфаќа колку бил згоден. Но, тогаш одлучив да си кажам себеси дека денес изгледаш најдобро што некогаш ќе изгледаш, затоа што ќе изгледаш сѐ полошо и полошо, освен ако не се изоперирам како Шер. Но, што ѝ недостига на Шер, зарем не е генијално како таа изгледа на речиси 80 години? За мене таа е феноменална. Не сакам брчки и стареење, тоа е грозно – признала Алка.

Некои од хитовите што Алка ги напиша во текот на својата плодна музичка кариера се „Где Дунав љуби небо“, „Хајде да лудујемо“, „Лепа без душе“, „Данас сам луда“ и многу, многу други.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alka Vuica (@alka.vuica)

Слични објави

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.
Се вчитува....