00:11 - 19 декември, 2025

(ФОТО) ЃОРГЕ ИВАНОВ си ДОБИ ИМЕЊАК: Внукот на ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ќе го носи неговото име

На 4-ти април нашиот поранешен претседател Ѓорѓе Иванов стана дедо. По повод доаѓање на новиот член и прво внуче во семејствата Иванови и Кочови беше организирана традиционалната прослава на која веселиот татко славеше до раните утрински часови.


Еден од гостите на прославата беше и македонскиот музичар Владимир Четкар кој објави фотографија со синот на претседателот, сречниот татко Иван Иванов откривајќи го името на бебето.


„За многу години денов! Да е жив и здрав Ѓорге Иванов – Јуниор“ – напиша музичарот во описот на фотографијата на која позира со сречниот татко и дедо.

Фото: Принтскрин / Instagram

 

„Во ова невино време што измина, во животот ми влезе личност која ми го облагороди моето време. Некако си се надополнивме, си знаев дека тоа е тоа уште на почетоците кога започнуваше нашата врска… љубовта не е нешто егзактно што можеш да го пресметаш. Едноставно тоа го чувствуваш во себе. Не за џабе велат дека пеперутките во стомакот, не лажат. Кога ќе го почувствувате тоа, ќе знаете дека станува збор за она вистинското и дека таа е личноста со која сакате да ја испишете една од најубавите приказни во животот“,  пред скоро половина година изјави синот на нашиот поранешен претседател, Ѓорге Иванов, Иван Иванов во интервју за емисијата „Бекстејџ“ откривајќи дека ја пронашол својата сродна душа – Јана .

На крајот на месец февруари, Иван и Јана ја озаконија својата љубов во кругот на своите најблиски пријатели и семејтвата. Нежниот розов фустан кој го носеше невестата откри дека саканата на Иван е во поодмината бременост.


Само месец и пол по свадбената прослава семејството Иванови и Кочови го добија своето прво внуче – малиот Ѓорге Иванов – Јуниор ќе го носи името на својот дедо, нашиот поранешен претседател.


Среќниот татко, на својот инстаграм – профил ги сподели бројните честитки кои пристигнаа од најблиските пријатели и роднини, а таткото на Јана, Атанас Кочов, прв ја сподели радосната вест со своите пријатели преку социјалните мрежи.

Слични објави

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо

(Видео) Илда Шаулиќ направи голема промена која ја изненади публиката

E.A.

Дечкото на Сања Маринковиќ ја пронашол крвава во бањата: Водителката раскажа потресни детали, интервенирала и брзата помош

E.A.

Случајна минувачка шокирана од однесувањето на Верица Ракочевиќ, се огласи и модната креаторка: „Веројатно мислеше дека сум полудела“

E.A.

Десингерица завршил со работите на улица, сопругата го избркала од дома

Еспресо
Се вчитува....