26.8 C
Скопје
15:47 - 6 мај, 2024

ШТО НИ ПОДГОТВИЈА ЅВЕЗДИТЕ ЗА 8 АПРИЛ: Раковите да се пазат од тајни непријатели, Вагите да внимаваат со кредитите, а Стрелците да се подготват за важен деловен состанок!

дневен хороскоп

Овен

Денес ќе уживате во посебната наклонетост на ѕвездите, па ризичните инвестиции и деловни потези на крај ќе ви донесат успех. Во љубовта понатамошното зближување со партнерот може да ве одведе во насока на официјализирање на врската. Ве очекува разговор за вашата заедничка иднина. Бидете искрени и разговарајте за вашите стравови.

Бик

Ве очекува позитивен исход од некои преговори на работа, истите ќе ви донесе голем успех на долг рок. Веќе некое време се обидувате да не ја преминете границата на пријателството со личност која ви се допаѓа, која сте ја виделе само во средина која не ви дозволувала да го направите првиот чекор. Но, чувствувате прилив на позитивна енергија и се чувствувате сигурни во себе. Некогаш вреди да се ризикува.

Близнаци

Денот може да биде одбележан со потпишување на важен договор, а може да има и некаква долгорочна соработка. Ќе бидете поинпулсивни од вообичаено, па може да бидете во искушение да се впуштите во возбудлива љубовна врска без многу размислување. Кога станува збор за здравјето, можни се хронични проблеми со грбот, кичмата, но и со видот.

Рак

На работа имате тајни непријатели и постои можност некој од нив да се обидува да ја поткопа и загрози вашата репутација. Останете смирени и не реагирајте на провокации. На љубовно поле како да е сè во ред меѓу вас и вашиот партнер, а во исто време, всушност ништо не е во ред. Не го потиснувајте вашето незадоволство.

Лав

Денес ќе постигнете големи успеси на работа. Не двоумете се да се потпрете на вашата интуиција која во овој период е исклучително изострена. Несогласувањата со вашиот партнер можат да ви го разнишат мирот. Свесни сте дека е потребно да најдете компромисно решение. На полето на здравјето можни се проблеми со црниот дроб, жолчката, бубрезите, шеќерот.

Девица

Ве очекува позитивно решение на правен проблем, како и средување на некоја комплицирана документација. Ќе успеете да ги решите сите проблеми. Најважно е да не им придавате важност на негативните коментари, бидејќи така само ќе се вовлечете во непотребни дискусии. Денес обидете се да внимавате максимално на себеси и доколку забележите некакви психо-физички промени, не го игнорирајте тоа!

Вага

Доколку планирате да земете некаков вид на кредит, прво распрашајте се за сите детали што ги нуди банката. На љубовен план, губењето на контролата над емоциите може да биде опасно за вас. Постои можност да се вљубите во погрешна личност. Некои ќе се соочат со проблеми со низок крвен притисок и поспаност.

Скорпија

Доколку денес треба да направите некаков деловен потег, бидете мудри. Постои голема можност долгорочно да си донесете финансиска стабилност и успех. Денеска избегнувајте чувствителни теми со вашиот партнер, бидејќи можни се конфликти и недоразбирања кои ќе отворат „стари рани“.

Стрелец

Денес може да добиете информација за службено патување или ќе имате важен деловен состанок на кој ќе донесете исклучително важни одлуки. Бидете самоуверени. Иако чувствувате дека е време за некаква драстична промена, сепак бидете трпеливи. Направете си план. Во љубовта ве очекува исклучително убав и мирен ден исполнет со заеднички моменти со партнерот.

Јарец

Некој колега или соработник може да ве испровоцира на работа. Без разлика дали станува збор за остар коментар или критика, препорачливо е да не обрнувате внимание. Ве очекува тежок разговор со партнерот, неопходен е компромис. Во овој период сте многу чувствителни и треба да бидете многу внимателни со изборот на зборови.

Водолија

Фокусот на денот е на деловниот состанок. Доколку сте невработени, ве очекува важен разговор за работа. Во љубовта денот ќе ви помине во мали дискусии и меѓусебни договори за иднината. Можно е пократко патување за двајца. Зголемете го внесот на витамини, течности и одморете се што е можно повеќе бидејќи стресот си го прави своето.

Риби

Негативната енергија која ја чувствувате на работа изминатиов период нема да си замине сама од себе. Некои соработници ве доживуваат како конкуренција и нема ништо лошо во тоа. Променете го начинот на кој разговарате со нив и никому не ги откривајте вашите деловни тајни или цели. Овој ден ќе биде обележан со убава атмосфера помеѓу вас и вашиот партнер. Ќе имате многу енергија.

Слични објави

(Видео) „Не знам дали е шок за телото, но…“: Никола Роквиќ едвај дише, но не се откажува од патот до Грција

jasmina.kantardzieva

(Фото) Брена позира на луксузна јахта вредна неколку милиони: Им пркоси на годините

еспресо

Организаторите на Евровизија: Исклучувањето на Израел би било политичка одлука

еспресо

Јелена Карлеуша за Драгана Мирковиќ: „Слободно јави ми се, не кревај раце од мене!“

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 6 мај: Нови познанства за Вагите, Скорпиите да бидат внимателни

еспресо

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо
Се вчитува....