01:34 - 8 ноември, 2026

(Фото) Гола Баба Мразица: Парис Хилтон позираше разголена пред елка, интимата ја покри со панделка

Парис Хилтон, една од најпознатите инфлуенсерки во светот, сними секси фотосесија во пресрет на Божиќ и ги магепса своите 66 милиони следбеници со тоа што им подари предизвикувачки материјал – позирајќи целосно гола пред елката.

Хилтон, која тврди дека сè на неа е природно, приреди вистинско изненадување на Бадник, кога позираше во својата секси празнична облека под голема и раскошна елка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)


Според пишувањето на медиумите, славната русокоса тоа го снимила токму во фоајето на еден од нејзините најскапи хотели на Беверли Хилс, вреден 5,9 милиони долари.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

„Моето присуство е подарок“, напишала Парис, што предизвика различни реакции на социјалните мрежи.

Парис била целосно гола додека стоела пред розова украсената елка и многу завиткани подароци, а врз градите и интимната зона држела голема црвена панделка која се влечела по подот.

Од модните детали таа носела црвени ракавици без прсти на „Шанел“, како и црвени салонки кои ги избрала стилистката Раина Јулија.

Некои коментари беа остри и осудувачки, но многумина се воодушевени од фотографиите и видето на Парис.

Парис Хилтон има 66 милиони следбеници на социјалните мрежи на кои ова им дојде како одличен деликатес, а таа му се заблагодари на фотографот Брајан Зиф кој ги направи овие фотографии.

„Некои девојки се раѓаат со сјај во своите вени“, порача Парис, која објави дел од овој сексапилен материјал на Инстаграм.

Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум имаат две деца. Тие добија ќерка 10 месеци откако Парис соопшти дека доби син од сурогат-мајка. Феникс Барон Хилтон Реум има 23 месеци, додека Лондон Мерилин Хилтон Реум има 13 месеци.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....